Свет

Да им ги имаш и парите и маките

Британските богаташи, внимателно опишани како поединци со висока нето вредност, периодов имаат сериозен проблем со седењето дома затоа што и целата нивна послуга, како батлери, чистачки, бебиситерки и останато, исто така си седи по дома и не доаѓа на работа.

Баер ќе го донира целиот хлорокин ако се покаже дека лекот е ефикасен против ковид-19

За сега постојат само „анегдотални докази“ од Кина дека хлорокин помага во олеснување на последиците од вирусот, но ако клинички се потврди дека тој е успешен во третирање на коронавирусот ЦЕО-то на Баер вети дека компанијата ќе го донира целото свое производство од лекот.

Кина одби спроведување истрага за потеклото на коронавирусот

Ставот на Кина е дека независна меѓународна истрага за потеклото на вирусот што го блокираше светот е непотребна и не доаѓа предвид.

Кој не сака со добро, ќе сака со булдожер

Властите на Калифорнија затворија еден популарен скејт-парк со истурање на 37 тони песок, затоа што сите претходни разумни обиди за негово затворање не успеаа.

Милано ќе излезе од карантин со помалку улици и повеќе велосипедски патеки

Додека жителите на градот и понатаму се на задолжително седење дома, Милано планира да претвори над 35 километри улици во велосипедски и пешачки патеки.

Британски болници: Сите ако носат маски, ќе има ли за нас?

Управите на најголемите британски болници изразија загриженост дека евентуална владина препорака за општо носење маски ќе го поремети ланецот на набавки и дека без маски ќе останат оние на кои најмногу им требаат. СЗО проценуваше дека општото носење маски може да доведе до чувство на лажна сигурност па луѓето да се опуштат.

Нешто пукна во врската меѓу Италија и Европа

Откако Борис Џонсон и брегзитерите го поништија внимателно создаваниот мит за перманентноста на ЕУ, еурофилите тврдеа дека Британија е специјален случај, островска нација која никогаш целосно не се посвети на континентот. Многу е подруго кога Италија ќе се сврти против тебе.

Шведска упорно отворена и упорно стабилна

Земјата нема затворено ниту училишта, ниту вежбални, ниту кафулиња или ресторани, но ги има замолено граѓаните да се однесуваат одговорно и да следат правила за социјално дистанцирање. И за сега ништо апокалиптично не се случи во земјата.

Само 9% од Британците сакаат да се вратат на старото „нормално“ по завршување на изолацијата

Луѓето забележуваат промени во сопственото и однесувањето на другите луѓе, а забележуваат промени и општо во заедниците во кои живеат, во околината и во природата, и кај сите овие промените (по првичното алчење по тоалет хартија) главно се на подобро.

Италија планира туристичка сезона со „плексиглас кафези“

Дури и откако ќе заврши карантинот и ќе се даде дозвола за глобално продолжување на животот, тоа продолжување нема да биде од истото место на кое застана во февруари / март, туку ќе биде со сериозни измени и комплетно нови навики. Предвидувањето на Италијанците е дека една од новите навики ќе биде одење на плажа во плексиглас кафези.

Данска ги отвора училиштата и градинките

Сите што посетувале каква било настава / градинка до 11-годишна возраст се враќаат во училниците, одлучи владата на Данска.

Џабе дремење дома ако нема масовно тестирање и масовно подобрување на здравството

Домашниот притвор ќе заврши само и само кога ќе се стабилизира бројот на луѓе кои го имаат вирусот и кога здравството ќе има доволно капацитет за да се справи со бројот на заболени. Во пракса ова значи дека тие што нè затворија по дома периодов треба како знаат да најдат доволно тестови за масовно тестирање и да го унапредат системот да може да се справи со заканата, инаку џабе дремењето по дома.

Или чековите за Американците ќе го носат името на Трамп или нема да има чекови

Финансиската помош за Американците ќе биде одложена на некое време се додека надлежните не отпечатат нови чекови на кои ќе стои името и презимето на американскиот претседател, чисто за Американците да знаат кој им дава пари.

Трамп го укина финансирањето на Светската здравствена организација

СЗО ќе остане без парите од САД додека администрацијата на Трамп не спроведе истрага за улогата на СЗО „страшно погрешното менаџирање и прикривање на ширењето на коронавирусот“, објави Трамп на прес-конференција.

Во Индонезија ангажирани духови за спроведување на карантинот

Равенството е многу едноставно: кој не верува во препораки од доктори, сигурно верува во духови (и слично). Штом е така, тогаш извади им духови на улица.

Американски документи уште во 2018 предупредуваат на опасноста од експериментирање со коронавируси во Вухан

Во неколку наврати американски дипломати ја посетуваат кинеската лабораторија во Вухан и по враќањето го алармираат Вашингтон на неадекватната безбедност во лабораторијата во која се спроведуваат ризични експерименти на коронавируси од лилјаци, објавува Вашингтон пост.

Њујорк нема да се врати на нормала без универзално тестирање за коронавирус

Откако ги постави црните рекорди за заразени и умрени од ковид-19, ситуацијата во Њујорк почна да се смирува, многу, многу, полека.

Како вишокот кревети ја извади Германија

Со години политичари и луѓе што се занимaваат со економската страна на медицината, се жалеа дека Германија има премногу болници и бараа нивно драстично намалување. Веќе не бараат.

Како Лисабон го ескивираше хаосот?

Повеќето заразени се по дома а не по болници каде што Италијанците се испозаразија, државата плаќа 66% од платата на сите кои имаат деца за гледање, еден од првите кои отидоа во самоизолација беше шефот на државата, истиот кој им порача на банките дека „тие му се должни на овој народ“. А ја имат и Фатима.

Француската полиција избрка авион полн богаташи дојдени на одмор

Хрватски бизнисмен изнајмува авион во Лондон и со уште други 9 души слетуваат на аеродромот во Марсеј каде ги чекаат хеликоптери за да ги однесат директ до приватната вила што ја изнајмиле. Сосе хеликоптерите ги дочекала и тамошната полиција.

Американци одбиваат да го напуштат Либан

Американски граѓани во Либан, со комплет документи и без никакви проблеми со законот, одбиваат да се вратат назад затоа што им е побезбедно во Бејрут отколку во родната грутка.

Умрените од коронавирус Њујорк почна да ги закопува во масовни гробници

Ковчези со починати од ковид-19 во градот Њујорк се редат во дупка на неколку спрата во десетина реда и се потрупуваат со земја на островот Харт во близина на Бруклин.

Обединетите нации се вон употреба

Ако постоеше ситуација во која Обединетите нации можеа да го оправдаат на своето име, тоа е актуелната пандемија која ем е првенствено здравствен а не политички проблем ем е беља која навистина бара нациите да делуваат обединето. Ама, кризата ја соголи и оваа помпезна глобална институција покажувајќи дека е обична скапа шасија за нешто што во мирни времиња се претставува како моќен диригент на меѓународниот оркестар.

На континентот полн со штурци, Финска е мравката

После Втората светска војна, скандинавските земји со децении педантно трупаа резерви на медицинска опрема, гориво, храна и воена опрема за во случај на кризни времиња. По завршувањето на Студената војна, проценувајќи дека главната гео-стратешка опасност поминала, Норвешка, Шведска и Данска престанаа да го прават тоа.  Не и Финска.