На Џенер и се фатија за изјавата околу законите кои постојат во неколку американски сојузни држави кои „забрануваат биолошки момчиња кои се транс да се натпреваруваат во училишни спортови во женска категорија,“ а нејзиниот став е дека така и треба.
„Тука е во прашање фер однесување. И затоа сум против тоа биолошки момчиња кои се транс да се натпреваруваат во женски спортови на училиште.
Не само што е фер, туку мора да ги заштитиме женските спортови во нашите училишта,“ изјавила Џенер.
Подоцна таа и на Твитер го потврдува својот став, заради што почна да и ја лепат етикетата „анти-транс“ во неколку различни форми.
Иако и е излишно, да повториме, Кејтлин Џенер е родена како Брус Џенер, и како Брус Џенер, пред да направи операција за промена на полото, освојува (меѓу другото) златна медала за САД во декатлон на Олимпијадата во Монтреал 1976.