Поташевич се расплака на телевизија

Уапсениот белоруски новинар и опозиционен активист Роман Проташевич се појави на државната телвизија и во солзи ја призна својата улога во анти-владините протести и рушењето на Лукашенко. Опозицијата верува дека е заложник и дека изјавата ја дал под присила.

Во третото појавување откако властите го уапсија слетувајќи го во Минск авионот на Рајанер со кој патувал на релација Атина - Вилнус, Проташевич на државната телевизија признал дека планирал соборување на Лукашенко и ги повлекол претходните критики на сметка на белорускиот претседател, пренесува Ројтерс.

За Лукашенко рекол дека иако на почетокот го критикувал, колку повеќе се задлабочувал во политика, толку повеќе ја сфаќал големата слика дека многу работи за кои тој бива критикуван се дел од еден оркестриран притисок врз него. Во интервју за белоруската ОНТ, Проташевич рекол и дека по замирање на протестите во Белорусија, покровителите на неговиот канал планирале на прејдат на „руската агенда,“ пренесува Б92.

„Ова не е Роман кого го познавам. Неговите родители веруваат дека е мачен“, рекол советник на лчидерката на белоруската опозиција Светлана Тикановскаја по која Проташевич е еден од 460 политички затвореници кои во зандани ги држи режимот на Лукашенко.

На крајот на интервјуто, Проташевич со солзи во очите рекол дека се надева дека ден ден ќе има жена и деца.

Украинските пранкери кои долго време го шебаа и Зоран Заев, неодамна измамија луѓе од американска организација финансирана од Конгресот, доведувајќи ги во состојба да зборуваат колкаво е  американското замешеталство во политичките движења во источна Европа, вклучувајќи ги и Русија и Белорусија, за што пишувавме во статијата „Руските пранкери најдоа нови Заеви“.

**********

Види и:

ЕУ има амнезија за Моралес?

4 јуни 2021 - 10:32