Свет

Политичката коректност како реприза на Културната револуција во Кина

Кога луѓето се трудат да бидат обединети околу „политичката коректност“ тоа може да биде многу опасно, порачува еден од најпознатите кинески дисиденти, Аи Веивеи.

Како запад станува советски сојуз пред наши очи

„Ние знаевме дека тие лажат, тие знаеја дека лажат, знаеја и дека ние знаеме дека лажат а ние знаевме дека тие знаат дека ние знаеме дека лажат. Па сепак, продолжија да лажат“.

Европа ќе ги изолира невакцинираните

Зимата доаѓа во Европа, а земји како Германија и Холандија веќе бележат рекордни бројки на заразени. Австрија е подготвена за карантин, кој ќе важи само за невакцинираните лица, кои без посебна причина нема да смеат да излегуваат од дома.

Франција врати 26 артефакти што ги украла од Бенин... од вкупно 5.000

Широкоградоста на Франција беше одбележана на церемонија во Париз каде претседателот на Бенин, Патрис Талон, дојде да ги подигне артефактите што Французите ги пљакосале од неговите предци.

Хејтерите на Трамп замолкнаа како што Русијагејт беше соголена

Уште од старт предупредувањата беа дека обвинувањата за соработка со Русија се без основа ама тогашниот анти-Трамп фронт не сакаше ни да чуе за тоа. Сега кога им е јасно, не сакаат ни да чујат за признавање на сопствената улога во ширењето на оваа лага.

Британска влада не штеди пари за клучни каузи

3 милиони фунти од буџетот на Британија се потрошени на 4-годишно следење на искуствата на бремени мажи и судбината на транс луѓето во Либан, како дел од пакетот за трансродови истражувања.

Јапонија ќе му даде по 900 долари на секое дете

Ваучер и готовина од 100.000 јена (882 долара) ќе им бидат дадени на сите деца во Јапонија на возраст до 18 години, како дел од пакетот за стимул на тамошната економија.

Полска - Белорусија, понапнато од кога било до сега

Како што Белорусија ја испорача најдолгата колона арапски бегалци на границата со Полска, така премиерот на Полска, порача: „Границата на полската држава не е само линија на картата. Оваа граница е света, и за нејзе е пролеана крвта на генерации Полјаци“ и објави дека 12.000 полски војници се ангажирани на границата.

Милијардери на државни субвенции

18 милијардери и стотици ултра богати Амекриканци користеле пари од федералните средства за помош на сиромашни и средностоечки семејства да ја пребродат економската страна на пандемијата. За помош бил квалификуван и Џорџ Сорос.

Путин и Лукашенко уште повеќе се зближија

Претседателите на Русија и Белорусија потпишаа пакет од 28 сојузни програми чија главна цел е подлабоко интегрирање на двете држави, како дел од планот за создавање една „Сојузна држава“.

Како се победува на избори со 153 долари?

Камионџијата Едвард Дур го запрепасти политичкиот свет во Америка победувајќи го кандидатот на естаблишментот за Њу Џерси. Дур тврди дека ваквата победа се должи на тоа што од политиканти, на гласачите веќе им е преку - дур. Добар дел од парите за неговата кампања отишле во крофни.

Американски војници нападнати и набркани од Истанбул

Дел од екипажот од американскиот воен брод УСС Маунт Витнеј, закотвен во Истанбул, додека е на прошетка низ градот е пресретнат и нападнат од припадници на Младата унија на Турција (ТГБ), како одмазда за приведување на турски специјалци од пред речиси 20 години.

Времето кога Путин сакал Русија да стане членка на НАТО

На почетокот од своето владеење Путин бил подготвен Русија да влезе во НАТО, но под два, чисто бирократски, услови: тоа да биде по брза постапка и да не го тупат со процедури.

Урсула фон дер Приватен авион

Претседателката на Европската комисија, од доаѓањето на функцијата во декември 2019 до сега, изнајмила приватен авион за 18 од вкупно 34 службени патувања. Некои од релациите на кои летала со приватно летало биле долги и само 50 километри.

Важно е само фосилните горива да останат во земјата, сè друго е залажување

Од едно гледиште спречувањето на климатската катастрофа е крајно комплицирано. Од друго, тоа е стварно едноставно: само треба да престанеме да вадиме фосилни горива од земја. Сите заплашувања, говори и екстравагантни ветувања од Глазгов се еднакви на ништо ако оваа едноставна и очигледна работа не се случи.

На КОП26 самитот зелени се само муабетите

Околу 400 приватни авиони деновиве извршија десант на Шкотска за да ги донесат своите сопственици до самитот на кој треба да зборуваат како сите во светот треба помалку да загадуваат.

Бајден во Рим пристигна како Гадафи

85 возила имаше автомобилската колона што го придружуваше Бајден по улиците на Рим, каде инаку е дојден да се договори околу глобалното затоплување. И ова е без возилата на италијанската полиција и безбедност.

Ако 6 милијарди долари го решат светскиот глад, Илон Маск е спремен да ги даде

Сакајќи да го привлече вниманието на јавноста, првиот човек на Светската програма за храна на О.Н, изјави дека само 2% од богатството на Илон Маск е доволно за да се реши гладта. Маск порача не е проблем, ама има два услова.

Италијанскиот Сенат го закопа законот против хомофобија

Законот со кој насилството против ЛГБТ лицата и мизогонијата во Италија требаше да се квалификуваат како злочин од омраза, беше одбиен во Сенатот со над 154 гласови од 315 можни.

ЕУ и воведе уште 1 милион евра на ден казна на Полска

Непослушноста на Полска кон ЕУ, овој пат околу судските реформи, ќе ја чини државата 1 милион долари на ден, секој ден дур не реши да послуша.

Црна пропаганда (некогаш) брзо бледее

Го памтите ли она хорор видео кое го спакуваа против гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, зашто се дрзна да не воведува задолжителни вакцини, ковид пасоши и рестрикции, еретички изговарајќи: „Ние им веруваме на луѓето кога носат одлуки за себе“. Погодете во која држава сега има најмалку ковид?

Што пари лежат во обратна дискриминација

Маж белец потпретседател за маркетинг во болница во Северна Каролина на суд добива отштета од 10 милиони долари за „обратна дискриминација“ откако е отпуштен и заменет со две жени, од кои едната црнкиња, како дел од програмата на болницата за разноликост и инклузивност.

Неонацисти излегоа да ја бранат германската граница со Полска

Припадниците на крајно десничарската група Третиот пат (Der III. Weg) се распоредија на границата со Полска за да пресретнат кој било нелегален мигрант што ќе се обиде да влезе во Германија.

Колку инает има во неносење маски?

Кинез милионер влегува во банка и веднаш е укорен за тоа што не носел маска. Првата реакција на ова му е трајно да ја напушти матичната банка.