Кога ковидот мавна со сета сила, владите ширум светот не беа подготвени за реакција. Создадениот вакуум овозможи дислокација на моќта, од збунетите власти кон богати и моќни невладини организации, покажува 7 месечна заеднички истрага на новинари од двата медиума.
Опремени со експертиза, зајакнати со контакти на највисоките нивоа на западните држави и темелно вмрежени со фармацијата, четирите организации преземаа улоги кои честопати ги играат владите - но без одговорноста и контролните механизми што ги имаат тие.
Три од четирите организации имаат заедничка историја а најголема меѓу нив е фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.
Тие потрошија 10 милијарди долари, таман онолку колку што за справување со ковид даде надлежната американска агенција.
На СЗО ѝ дадоа 1,8 милијарди долари за креирање глобална платформа за дистрибуција на анти-ковид алати. Програмот не успеа да ги постигне првобитните цели.
Лидерите на овие организации имаа досега невиден пристап до највисоките нивоа на западните влади, трошејќи најмалку 8,3 милиони долари за лобирање на пратеници и службеници во САД и Европа.
Официјални лица од САД, ЕУ и СЗО ротираа низ овие четири организации како нивни вработени, помагајќи им да ги зацврстат политичките и финансиски врски во Вашингтон и Брисел.
Водачите на четирите организации ветија дека ќе го надминат јазот во рамноправноста. Сепак, за време на најлошите бранови на пандемијата, земјите со ниски приходи останаа без вакцини.
Последно, не не и најмалку важно: лидерите на три од четирите организации останаа на линијата дека не е потребно отворање на патентите и вонредно укинување на заштитата на интелектуалната сопственост, нешто за што активистите се сигурни дека ќе спасеше многу животи.