На минатонеделните избори, шведската десничарска националистичка партија се наметна како втора по големина партија во парламентот.
Шведските Демократи, партија позната по нејзините анти-имиграциони и анти-исламски позции освоија 20,5% од гласовите. Ова воопшто не е лош резултат за партија која се појави пред само 12 години, кога освоија 6% проценти. Корени влечат од националистичкото движење од 80-тите „Шведска да остане шведска“ кое имаше видливи нео-наци елементи но во меѓувреме се имаат доста променето, особено откако во 2005 година, партијата ја презеде тогаш 26 годишниот Џими Акесон која го ублажи курсот од радикална десница кон помек популизам.
Нивниот изборен успех ја потресе не само политичката класа во Стокхолм, туку и либералните елити ширум светот.
„Драматична промена“, вели Њујорк Тајмс. „Зачудувачки“, вели Дојче веле. „Земјотрес!“ инсистираат левичарските набљудувачи.
„Звучат како борбена единица која гледа како последното парче територија бива освоено од непријателот“, пишува Брендан О Нил.
Политичкиот меинстрим уште не може да се изначуди како е можно Шведска да си дозволи да потклекне под популизам. Едно е тоа да ѝ се случи на Британија со успехот на Брегзит, или на САД со Трамп, ама Шведска, бастионот на толеранцијата?
Зачуденоста доаѓа од ароганцијата да не се види колку се имаат променето работите и расположението, особено меѓу работниците.
„Работниците не се расисти. Нив Шведските Демократи не ги привлекуваат заради некое нео-нацистичко минато. Тие само решија да се побунат против отуѓените елити, против естаблишментот кој затвора очи пред проблемите на општеството и кој секого кој ќе ги покрене тие прашања, веднаш го жигосува како задрт.“
Шведска е единствената држава во Европа во која бројот на оружени убиства има пораснато од 2000 година. Само во 2020 имало 360 пукања и 100 експлозии. Повеќе експлозии веројатно има само во Мексико. Тука се и верските конфронтации. Во повеќе градови, толпа бесни муслимани палеа коли и фрлаа камења на полицијата, што предизвика контра од десничарите кои палеа Корани. Полицијата призна дека „поголемо насилство нема видено.“
Сето ова непријателство бувна после 2015-та, кога Шведска реши да вдоми голем број мигранти чија интеграција не се покажа баш едноставна. Иако нивниот процент во општата популација е далеку помал, истражување откри дека зад 47,7% од силувањата во Шведска стојат луѓе чии родители биле родени надвор од Шведска, повеќето на Блискиот исток или северна Африка.
„Заобиколување на вистинските проблеми е лошата навика на технократијата од 21 век. Естаблишментот постојано врти глава на страна. Со години ја избегнува вистината за сè, од зовриени културни тензии до понекогаш налудничавите зелени политики. Дури кога ќе се прекардаши како со верските побуни или енергетската криза викаат: „Изгледа имаме проблем. Да поразговаравме за тоа?“
Тоа е она што го направија гласачите на Шведска - ѝ рекоа на својата владејачка класа дека нејзината стратегија за избегнување на проблемите веќе нема да се толерира, и дека е време за вистина, пишува O'Нил.