Разно

Франција призна убиство на математичар

Франција е татковина на стотина прочуени математичари од рангот на Декарт, Блез Паскал, Лаплас, но ниедна математика не го спасува човека ако државата реши да го реши, и тоа да биде легално. 

Црни студенти за вас прекрасни Американци

Приватно уметничко училиште од Франција разработува маркетинг план за привлекување студенти од САД. Меѓудругото решава да ја покаже разноликоста на своите студенти. И тоа на веројатно најпогрешен начин.

Заговорот за соборување на Тереза Меј и поставување на Борис Џонсон за премиер на Британија

Целата борба се води внатре во Конзервативната партија, каде закоравените евроскептици веруваат дека имаат доволно луѓе на располагање за да ја сменат британската премиерка. Она што ги кочи е што не можат да се договорат за тајминг и за тоа како точно го замислуваат брегзит.

Големото океанско сито и решето

Целата приказна почнува пред 7 години кога еден холанѓански тинејџер на одмор во Грција длабоко се вознемирува што во морето имало повеќе пластика отколку риба.

Шефот на Алибаба им се враќа на студентите

Првиот човек на трговскиот гигант Алибаба најави дека ќе се пензионира на 54 години, со личен имот од 40 милијарди долари. Доста правел пари, време е да ги троши, на нешто благородно. И доста било бизнис, смета тој, многу повеќе човек може да направи како даскал.

Анти-ЕУ ЕУ фронт

Иако за сега никој нема толку длабоко загазено во своите анти-ЕУ чувства како Британците, добар дел од она што е на власт на континентот е во сериозен идеолошки судир со директивите и целите кои се промовираат од раководството на Унијата.

Како ЕУ замислува туризам

Новата над милион евра вредна туристичка атракција на Советот на министри на ЕУ, со наслов „Домот на земјите членки“, направена со цел зближување на ЕУ кон граѓаните и народот што го владее, нема да работи за викенди и празници, а ако сакаш да ја посетиш ќе треба да се најавиш 5 дена порано.

Конзервативни вработени на Фејсбук против нетолерантната култура на компанија

Над 100 вработени на Фејсбук кои себе се сметаат за политички конзервативци се организираат во внатрешна група со цел да се справат со „нетолерантната“ култура на компанијата кон поинакво политичко размислување.

Четири туристички измами низ Европа

Суштината на секоја од измамите е: почнува бесплатно (ќе се потпишеш, ќе добиеш нешто гратис), завршува со тоа дека треба да дадеш пари. И ова функционира без разлика дали си во Рим, Прага или Париз.

Што ќе ти е демократија, кога имаш податоци

Дата, вештачка интелигенција и интернет надзор се трите столба кои ќе ја остварат дамнешната желба на секој империјален и современ кинески владетел - како да знаеш сè за јавноста без притоа истата таа се напне дека ја следиш и прислушуваш.

ЕУ го треби нихабот, членка по членка

На почетокот од август Данска стана петата членка на ЕУ која воведува забрана за криење и прекривање на лице во јавност, односно носење нихаб (разликата меѓу нихаб и бурка е што кај првото се гледаат очите, а кај второто тие се покриени со мрежа).

Како шпионите на ЦИА во Кина паднаа заради ЦИА

Еден од најкатастрофалните неуспеси на американските разузнавачи се случува во 2010 кога кинеските власти започнуваат акција во која цели две години систематски ја демонтираат шпионската мрежа на ЦИА во земјата притоа егзекутирајќи десетици американски информатори и соработници.

Заеби надеж, треба акција

Зборувајќи за мантрата од добата на Обама, Мајкл Мур промовирајќи го својот анти-Трамп документарец ја опиша „hope“ идеологијата на поранешниот американски претседател како „мрзливо решение“.

100 дена трезност за 100 години независност?

Апелирајќи на традиционализмот и патриотизмот на Полјаците, полската црква побара 100 годишнината од независноста на државата да се прослави со 100-дневно апстинирање од алкохол. Голем дел од прозваните (трезвено) реагираат: тешко тоа.

Пол Манафорт, лобистот на тираните

Пред да се приклучи на кампањата на Трамп, Пол Манафорт подолго време не е присутен во Вашингтон. Иако својата репутација ја гради во главниот град на САД, парите ги прави преку море, претежно во Источна Европа, и по нешто во Африка и Азија.

Дали белците се спремни да ја одморат демократијата?

Како што е стандардно за изминативе две години, ваквите себе-проверки на Американците се предизвикани од вчудовидувањето кое настапи од тоа дека воопшто некој би гласал за Доналд Трамп, и сè што потоа следуваше.

Син ми, Осама

Во интервју кое започнува со фотографија што наликува на маскиран Саша Барон Коен, мајката на првиот човек на ал-Каеда за прв пат проговорува за својот син, речиси 17 години по 11-ти септември и 7 години по неговата елиминација од американските специјалци во Аботабад.

Демократијата e како Ајрон Мејден

На линија на она што Рамбо одамна го зборува (види го интервјуто за Офф.нет: „Демократијата кај нас е диктатура на глупаци“) кога бара пред да се добие право на глас да се мине некој базичен тест на интелигенција и знаење, и во светот продолжува потрагата по лек за главниот баг на демократијата: петмина идиоти секогаш ќе надгласаат двајца паметни. Една од алтернативите е епистократија. Владеење на упатените, компетентните.  

1,1 милијарда килограми месо

Ова е вкупната количина на вишок говедско, свинско, пилешко и мисиркино месо што моментално лежи во индустриските ладилници низ САД, и ако се производителите за верување, веќе снемува место за чување на вишокот.

Од брегзит до бреферендум

Поранешниот британски министер за брегзит, Дејвид Дејвис, низ цел свој мандат повторува дека Британците во 2016 гласаат за напуштање на ЕУ а притоа да ги задржат истите бенефити што ги имаат како членка. На помалку од една година до брегзит британската влада не може да собере доволно гласови во парламент за каков бил реалистичен план за напуштање на ЕУ, ситуација во која втор референдум не е ни приближно незамислив како што беше.

Шведска во пламен

Во целата таа бајковитост, летово успеа да ја открие Ахиловата пета на Швеѓаните и општо Скандинавија. Цел тој општествено социјален рај да не ти бил подготвен за суша и пожари.

Над Британија се раѓа нов брегзит на слободата?

Еден од патиштата по кои може да тргне брегзит, што од ден на ден станува се поверојатно, е да се случи парламентарна блокада и да не може да се изгласа планот што Меј го договорила со ЕУ. А ако дојде до тоа одлучувањето повторно се враќа кај народот, по една или друга основа.

Донесен закон што можеше да ги спречи Блер и Буш да извршат инвазија на Ирак

Од вторникот секој политички или воен лидер кој ќе нареди инвазија на странска земја ќе се смета за виновен за агресија, и ќе подлежи на казна од меѓународниот кривичен суд во Хаг.

Дали Катар плати милијарда долари откуп за киднапирани?

На 16 декември 2015 катарското кралско семејство добива вест дека 28 негови членови се киднапирани додека се на лов во Ирак. Списокот со заложниците е предаден на катарскиот министер за надворешни работи.