И покрај протестите во Копенхаген против законот, полицијата почна со негово спроведување од прв ден. На 3-ти август 28-годишна жена што носи нихаб е нападната од друга жена со која се разминува која се обидела да и го симне превезот. Полицијата ја казнува муслиманката со 156 долари.
Во изминатите 3 години 5 членки на ЕУ воведуваат забрана за носење нихаб на јавни места на целата своја територија (од нив 5 само една е од Источна Европа): Франција, Белгија, Австрија, Данска и Бугарија. Во јуни и Холандија воведе делумна забрана за носење нихаб јавни места и таа се однесува само на локации како училишта и болници, но не и на улици.
Во држави како Шпанија и Италија забраната ја воведуваат одредени градови, додека во Германија, Латвија, Финска и Луксембург во процедура се закони кои целосно или делумно ќе го забранат покривањето на лице во јавност.
Во времето кога Франција ја воведува забраната тогашниот претседател Саркози објаснува дека „бурката“ (која главно се носи во Авганистан) е „знак на понизност и понижување“, порачувајќи „сакам официјално да кажам дека бурката не е добредојдена во Франција, во нашата земја ние не можеме да прифатиме жени затворенички зад платно, отсечени од општествениот живот, лишени од секаков идентитет. Тоа не е нашето сфаќање за слобода.“
Друга честа забелешка на прекривањето на лицето е дека тоа го крие идентитетот на човекот, што претставува сериозна безбедносна закана.
Подеднакво неизбежно е обвинувањето дека нихабот е „неконзистентен со европските вредности“, и дека неговото носење предизвикува „судир на културите“.
„Без разлика кое е оправданието, политиките околу прекривањето на лицето ќе бидат сеприсутни во претстојните години, посебно како што европските влади ќе се обидуваат да го спречат растот на крајно-десничарските лидери во нивните држави,“ објаснува Ребека Тан во текстот за Вашингтон пост.