Убавиците дефилираат по патеката а публиката со спуштени вилици го проследува нивниот грациозен од, загледана во нивните усни, обравчиња, долги нозе и другите вообичаени атрибути на нивната убавина. За жал, некои од најубавите годинава биле дисквалификувани, не затоа што биле грбави, туку заради употреба на недозволени средства за разубавување.