По објавувањето на резултатите од истрагата на Милер

Пискотници се слушаат од Њујорк тајмс до Атлантик

Првиот човек на американското министерство за правда, Вилијам Бар, по разгледување на извештајот на Милер објави дека истрагата на специјалниот советник Роберт Милер покажала дека кампањата на Доналд Трамп ниту кој било негов советник не соработувале со Русија во обид да се наместат претседателските избори во 2016.

Милер во петокот извештајот му го предаде на Вилијам Бар. Потоа задачата на Бар беше да го прегледа и заклучоците да ги испорача во Конгресот.

Во американските медиуми ова беше проследено со следните наслови (хронолошки подредени):

- Бар денес ќе ги испорача резултатите од извештајот на Милер пред законодавците
Њујорк тајмс

 

- Трамп молчи додека го чека објавувањето на извештајот
Еј-би-си

 

- Судскиот комитет на Претставничкиот дом го предупредува Трамп дека не смее да ја користи својата привилегија за прикривање на резултатите од извештајот на Милер
Њујорк дејли њуз

 

- Демократските кандидати за претседателските избори 2020 реагираат на извештајот на Милер: „Нема сомнеж дека Трамп сакал да ја попречи правдата“
Индепендент

 

- Високите функционери на Демократите во претставничкиот дом најавуваат импичмент додека го чекаат извештајот на Милер
Си-ен-ен

 

- Извештајот на Милер се очекува во недела
Си-ен-ен

 

- Висок функционер на Демократите само што порача дека Трамп не може да ги користи своите овластувања за блокирање на извештајот на Милер
Мадер Џоунс

 

- Ненси Пелоси објави дека нема да прифати ограничено објавување на извештајот на Милер и бара јавно објавување на содржината
Бизнис инсајдер

 

- Американскиот конгрес ги доби заклучоците на Милер
Би-би-си

 

- Вилијам Бар: Милер го ослободува Трамп во истрагата за Русија
Вашингтон пост

 

- Резимето на министерството за правда за извештајот на Милер
Ен-пи-ар

 

- Милер не го ослободува целосно Трамп од попречување на правдата, ниту заклучува дека тој направил криминал
АП

 

- Милер не открил соработка со Русија; за попречувањето нема заклучок
Блумберг

 

- Кампањата на Трамп не соработувала со Русија
Си-ен-ен

 

- Демократскиот конгресмен Џери Надлер: Ќе го повикам Бар да сведочи околу начинот на кој министерството за правда се справи со извештајот на Милер
Хил

 

- Демократите од Претставничкиот дом ќе го повикаат Бар да сведочи за извештајот на Милер
Аксиос

 

- Трамп за заклучоците од извештајот на Милер: „Ова беше нелегален обид за соборување кој не успеа“
Ем-ес-ен-би-си

 

- Џулијани, адвокатот на Трамп, вели дека извештајот на Милер „е подобар отколку што очекував“
Ројтерс

 

- Стотици симпатизери на Трамп собрани на 5-та авенија во Њујорк извикуваат „Happy no collusion day“
Њузвик


- „Премногу отворени прашања“, Џејмс Коуми и други реагираат на социјалните медиуми околу извештајот на Милер
УСА Тудеј

 

- Милер тврди дека извештајот не го ослободува Трамп за попречување, Трамп тврди спротивното
Ем-ес-ен-би-си

 

- Трамп го прекинува молкот на Твитер по извештајот на Милер за да напише „Добро утро“, започнува паника
Дејливајр

 

- Водител на Ем-ес-ен-би-си се сомнева дека Милер бил компромитиран, извештајот покажува „семе на прикривање“
Дејливајр

 

- Демократите ќе побараат Бар да сведочи за извештајот на Милер
Ројтерс

 

- Ненси Пелоси и Чак Шумер не се задоволни со толкувањето на Бар на извештајот на Милер
Вокс


- Стил / Милер кошмарот е готов... и треба да биде
Хил


- Откако Роберт Милер го објави својот извештај, Демократите кои две години чекаа на овој момент се застанати пред бездна
Дејли Бист

 

- Сите начини на кои главниот јавен обвинител го спинува извештајот на Милер за да го заштити Трамп
Слејт

 

- Роберт Милер може не најде докази за соработка, но неговиот извештај докажува дека системот функционира
Интерсепт

 

- Тимот на Трамп побара истрага за потеклото на истрагата против негов
Фокс њуз

 

- „Трамп победи!“ Претседателот, извештајот на Милер и нашата нова политичка реалност
Њујоркер

 

- Извештајот на Милер: Најдобриот ден во претседателскиот мандат на Трамп
Би-би-си

 

- Зошто Бар сподели само четири некомплетни цитати од извештајот на Милер
Слејт

 

- Пелоси, Шумер и други високи демократи ја ставаат под знак прашање непристрасноста на писмото на Бар околу извештајот на Милер
Фокс њуз

 

- Руски парламентарци предлагаат „ресетирање“ на односите со САД по извештајот на Милер
Ројтерс

 

- Роберт Милер му даде огромен поклон на Доналд Трамп
Си-ен-ен


- Милер беше главната закана за Трамп - сега е негова најголема предност
Атлантик

25 март 2019 - 10:13