Федерален апелационен суд на САД пресудил дека уставно загарантираните права на една жена од Мичиген ѝ биле прекршени кога ѝ била дадена казна од локален полицаец откако овој ја казнил за брзо возење а таа му покажала среден прст.
3:0 било на гласањето а судот порачал дека полицајците би тебало подобро да го познаваат правниот систем.
Настанот е банален: Цајкан ја запрел жената и ѝ предал релативно мала казна за пречекорување на брзината. Таа ја примила казната ама на заминување му дигнала среден прст по што овој повторно ја сопрел и ја казнил малку пожестоко.
Не може тоа така, решил Апелациониот суд бидејќи на ваков начин се прекршува и уставно загарантираната слобода на говор (и изразување) како и правото никој да не смее да биде задржуван без потреба. Ете така.