Една вест за да дојдеме до еден спот

Тројца тинејџери кандисале 88 годишен екс-сенатор да се пријави во претседателската трка а тие да му ја водат кампањата. Прашан дали има шанси навистина да стане претседател на САД, стариот разумно рекол: Сачувај Боже.

Човекот е поинтересен од самата вест но ајде како што е ред: тројца средношколски шѓтребери напалени на политика, му пишале предлог на пензионираниот американски сенатор да се стави во трка за претседател а тие да бидат креатори на неговата кампања. Веројатно фино го замолиле па Мајк Гравел ја прифатил идејата.

Јасно му е дека нема никаква шанси во таа трка но ем да ги поддржи вредните младинци ем попат да проба да ја дигне свесноста за проблеми за кои мисли дека се суштински за американскиот народ. Дел од темите со кои се занимава е запирање на официјалната стратегија кон дрогите а тоа е војна против нив, потребата од воведување директна демократија (на граѓаните да не им се потребни изгласани посредници) и слични супер прогресивни идеи.

Човекот цел живот е гласен и бунтовен пацифист кој во последно време упорно и залудно ја потсетува американската јавноста за премолчување на саудиските злодела во Јемен.

За Мајк Гравел може да се каже дека беше Асанж скоро половина век пред Џулијан Асанж. Во 1971 година Гравел во конгресот успева да прошверцува и потоа од говорница да чита доверливи документи на Пентагон.

За претседател се проба и во 2008-ма година кога извади еден од најгенијалните промотивни спотови на сите времиња. Толку е прејако што џабе да ви раскажуваме.

 

23 април 2019 - 11:24