Ирачкиот клерик Моктада ал-Садр кој е шеф на шиитската милиција и е дел од владеачката коалиција во ирачкиот парламент, напиша писмо со кое бара да се забранат игрите како Фортнајт и ПУБГ (PlayerUnknown’s Battlegrounds), бидејќи предизвикувале зависност и имале негативно влијание на младите.
“Што добиваш ако убиеш еден или двајца луѓе во ПУБГ“, прашува авторитетот во писмото кое го објавува Ројтерс.
(бтв, добиваш „experience points“ - н.з.)
„Тоа не е игра за развивање на интелигенцијата ниту пак е воена игра која ќе те научи како правилно се војува,“ пресуди во својата рецензија ал-Садр.
Во образложението на забраната се наведуваат и здравствени, морални, културни и безбедносни закани по ирачкото општество кои ги носат ваквите електронски игри.
Видео игри. Закана за безбедноста на ирачкото општество.
А што се однесува до „правилното војување“, добар дел од ирачките воени сили се на ваков степен на обученост: