Необичен случај беше разгледуван во врховниот суд на САД деновиве. Фирма од индијански резерват во државата Вашингтон, која увезува гориво од Орегон, ја тужеше федералната влада дека не треба да плаќа данок на промет, според договорот склучен во 1855.
Во тоа време индијанците знаеле дека ќе ја изгубат нивната земја, но издејствувале договор да можат слободно да се движат низ неа, без разлика кој ја поседува, без било какви царини и давачки.
Федералната влада тврдела дека тоа не се однесува на федерален данок. Врховниот суд (со поддршка од еден конзервативен судија) процени дека се однесува, и тоа како.
Во пресудата се вели дека ако на владата не ѝ се допаѓа договорот кој го склучила во 1855, може ако сака да влезе во обновени преговори со нацијата Јакама.