Дел од маркетинг материјалите е и една групна фотка на студентите од училиштето од Лион, која во својата оригинална верзија е речиси целосно составена од белци, со исклучок на по некој Азијат.
Истата оваа фотографија за потребите на американскиот пазар е изменета и надополнета со инаку непостоечки студенти црнци, од кои нема ни трага во оригиналната фотка.
Во промотивниот материјал лицата на три студенти се направени црни, а додадени се и двајца црнци.
Од колеџот се правдаат дека немале претстава за направената промена и дека таа е изведена од маркетинг агенција од САД. На сличен став е и директорот на колеџот кој објаснува дека тие само испратиле материјали, но знаат што се случило потоа.