Франција призна убиство на математичар

Франција е татковина на стотина прочуени математичари од рангот на Декарт, Блез Паскал, Лаплас, но ниедна математика не го спасува човека ако државата реши да го реши, и тоа да биде легално. 

Францускиот претседател призна дека неговата држава го има измачувано и убиено математичарот Морис Один кој од 1957 година до сега официјално се водеше како исчезнат.

Во внимателно одбраните зборови на признание упатени до 87 годишната вдовица Жозет Один, Макрон признал дека државата користела „легално институционализиран систем на мачење“ за време на војната по која Алжир се избори за независност од Франција, по што Один бил и убиен од војниците кои ги уапсиле.

Морис Один бил француски државјанин кој се борел за независноста на својата земја, попат станувајќи и член на Комунистичката партија на Алжир.

Официјалната верзија досега гласеше дека Один успеал да избега после едно апсење на алжирските комунисти по што му се губи секаква трага.

А Франција има респектабилна листа на познати математичари, ги имаат повеќе отколку што ние имаме водоинсталатери.  

17 септември 2018 - 14:07