Ако на интернет има нешто тоа се девојки пред веб камери. Она што имало (веројатно) пред само една од овие веб камери е девојка од 290 килограми, на која и плаќаат за да ја гледаат како јаде.
Како врвен пример на "ефектот на пеперутката" есејот на еден корисник на Веибо (кинескиот Твитер) за неполни неколку дена беше ретвитуван над 4.800 пати, привлече над 500 коментари и беше пренесен на неколку медиуми.
Кои беа најубавите, најзабавните, најмоќните, најинтригантните реклами на годината. Од вкупно десет, седум се американски. Од вкупно десет, пет се на BBH и Wieden + Kennedy.
Имала само 16 години кога паднала во дијабетска кома. Последно што побарала од родителите било да ѝ ветат дека нема да ја остават. Починала деновиве, 42 години од ветувањето.
Кога во 1999-та Тим Бликсет го гради приватниот скијачки ресорт за ултра богати The Yellowstone Club (членство 250.000 долари годишно), тој не ни помислува дека во 2008-ма светот ќе доживее финансиска пропаст. Денес комплетниот ресорт е во банкрот и чека аукција. Последната цена му беше 28 милиони долари.
Лондонско кино почна да вработува нинџи, не за обезбедување, не за уништување на конкуренција, туку за да внимаваат кој од публиката зборува за време на филмот.
На последната пресметка американците фрлиле храна во вредност од 165 милијарди долари. За споредба, во 2010-та комплетниот буџет на САД за меѓународна помош (сосе воената) изнесува 57 милијарди долари.
Христијанскиот календар (оној што целиот свет ефективно го користи) не е точен заради грешка на еден монах, тврди човекот моментално одговорен за најголемиот дел од монасите во светот - Папата Бенедикт 16-ти.
Токио има околу 13 милиони луѓе, од нив повеќе од половина треба некако да стигнат на работа, од овие најголемиот дел користат јавен превоз. Последниот дел не сакате да го доживеете.
Нешто слично како што за различна поправка на заб ќе добиете различна сметка, така и порно ѕвездите за различна сцена (по содржина) добиваат различна дневница. Почетната сума е 800 долари.
Во 1886-та шишенце Кока-кола чинело 5 центи, исто и во 1900-та, и во 1930-та и така цели 70 години. Како Кока-кола ја мина Големата депресија, стоици конкуренти и две светски војни без да ја крене цената?
Градскиот совет на Л.А. едногласно го прифати предлогот според кој цел град треба да престане да јаде месо. Сега за сега, предлогот е само за еден ден во неделата.
Додека ја предаваше наградата за Автомобил на Годината на Model S седанот на Тесла моторс, уредникот на Мотор Тренд порача дека признанието е заради "севкупната извонредност на автомобилот, а не само заради тоа што тој е електричен." Ромни знаеше дека ова нема да заврши добро.
Појасите на авионските седишта се бескорисни а и онака нема да ги спасат патниците во случај на несреќа, порачал првиот човек на Рајан ер, кој се обидува да ги воведе летовите на стоење.
Во Авганистан повторно ќе се руши еден будистички храм (над 2.000 години стар), само овој пат не од Талибанци туку од Кинези. И тоа за 100 милијарди долари.
Аналитичарите деновиве на ангро мозгаат што беше пресуден фактор за победата на Обама: прецизната демографска стратегија, тајмингот на Сенди, бизнис профилот на Ромни.... Имаме два збора за нив: Нурсултан Назарбаев.
Официјално, објаснувањето зошто еден лондонски брокер потрошил 40.000 фунти (свои пари, ништо спорно) во еден бар во Лондон е - да го импресионира Бенисио Дел Торо. Неофицијално - никој не може да има објаснување за сметка до 40.000 фунти.
Вест: Маж за време на срцев удар решава да си ја олесни душата пред овој свет и пред да умре признава убиство што го направил пред 17 години. Карма: останува жив.
Пред 13 години Золтан Дани за малку ќе го убиеше Дејл Зелко. Пред неколку години се запознаа. Денес си одат по гости. Мало појаснување: Дејл е пилотот кој леташе со стелтот Ф-117 над Србија, Золтан е полковникот кој командуваше со противавионскиот ракетен систем што го собори невидливиот авион.