
Научниците од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, собрале 111 студенти, за да откријат зошто луѓето чии главни карактерни особини се - психопатија, нарцисизам и макевијализам - се сексуално привлечни.
Прво учесниците биле фотографирани кога пристигнувале (дотерани и подготвени за интервју), а потоа во нивната природна варијанта (маичка и тренерки, а жените без шминка и фризура). Потоа двајцата истражувачи направиле анализа на нивниот карактер, за да се оцени нивната тенденција кон тројството (психопатија, нарцисизам и Макевијализам), а и самите учесниците требало да дадат оценка за сопствениот карактер.
Двете верзии на фотографиите, биле дадени на друга тест група која требала да одлучи кој од овие ликови е физички попривлечен.
Кога луѓето во чии карактери повеќе преовладувале овие три особини биле дотерани, тие добиле поголеми оценки на тестот за физичка привлечност. Кога истите биле присилени да носат маичка и тренерки, тие добиле иста оценка како и останатите. Заклучокот на студијата е дека во основа луѓето со мрачни карактери не изгледаат физички поатрактивно од останатите кога ќе им ја одземеш облеката и шминката.