Пилотот и Србинот

Пред 13 години Золтан Дани за малку ќе го убиеше Дејл Зелко. Пред неколку години се запознаа. Денес си одат по гости. Мало појаснување: Дејл е пилотот кој леташе со стелтот Ф-117 над Србија, Золтан е полковникот кој командуваше со противавионскиот ракетен систем што го собори невидливиот авион.

Нивното пријателство започнува преку режисерот на документарецот "21. секудна," Жељко Мирковиќ, кој снимајќи го филмот за Золтан, го контактирал Дејл за интервју.

Дејл веднаш се согласил да учествува во документарецот и да се сретне со човекот што го собори. По ова следуваат неколку години комуникација меѓу двајцата. Конечно минатата година двајцата се среќаваат, како дел од вториот документарец на Митровиќ, "Втората средба".

"Нашите три семејства - на Дејл, моето и на Золтан - споделуваат исти вредности, за верување во семејството и верување во мирот," објаснува Мирковиќ.

Двајцата остануваат пријатели и по документарецот. За време на промоцијата на документарецот, пензионираниот пилот на американската армија со својата сопруга и децата беа на гости во Србија, во домот на Золтан во Ковин. Наскоро и Золтан треба да оди во посета на САД. Инаку, полковникот на војската на Југославија, денес е во пензија и работи како пекар.

6 ноември 2012 - 14:08