Едуарда О Бара почина по цели 42 години поминати во кома, не освестувајќи се ниеднаш во тој, речиси полувековен сон. Диебетски шок, предизвикан од погрешни лекови била причината за комата во која паднала во 1970-та година, кога имала само 16.
Пред да склопи очи, малата уплашено побарала од родителите да не ја остават и оттогаш нив никогаш не ги напуштила вербата дека еден ден, нивната ќерка ќе се освести.
Секој ден биле со неа, ѝ читале и ја хранеле преку цевка. Ја негувале во домашни услови. Но, татко и починува во 1976-та а мајка и останува жива до пред 4 години кога негата за Едуарда ја презема нејзината сестра.
16 годишната Едуарда почина деновиве, на 58 годишна возраст.
Нејзината животна сторија е опишана во книгата "Ветување си е ветување"