Вилата од 1.500 квадрати е изградена во Монтана, опремена е со 8 спални соби, 12 тоалети, лифт, ресторанска кујна, фитнес, пет камини, гаража за три автомобили и сето тоа е направено исклучиво од дрво и камен.
Имотот на клубот се простира на 890 хектари, а една од неговите предности во однос на места како Аспен, е што тој е комплетно затворен за папараци и генерално се смета за семејно одморалиште.
Обезбедувањето на клубот е составено на поранешни припадници на Тајната служба, а приватните ски терени имаат и сопствени ски-лифтови.
3 месеци пред банкротот во 2008-ма, Бликсет се разведе од неговата сопруга Едра. Во разводот таа го доби ресортот но и 360 милиони долари долг за него. Откако поранешниот брачен пар беше обвинет дека го искористил имотот за добивање кредити, целиот ресорт беше продаден за 115 милиони долари на еден приватен фонд.