Скапан свет

На последната пресметка американците фрлиле храна во вредност од 165 милијарди долари. За споредба, во 2010-та комплетниот буџет на САД за меѓународна помош (сосе воената) изнесува 57 милијарди долари.

Целата оваа ситуација ја забележува фотографот Џо Буглевиц, кој ја прави фотосесијата "Скапани".

"Во тоа време сите вести зборуваа за дефицитот, за кризата и за немањето пари за најразлични програми. Ме вчудовидуваше тоа што ако го намалиме нашиот отпад за помалку од половина, парите кои ќе ни останат ќе може да ги користиме за финансирање на овие програми. Знам дека тоа не е така едноставно и дека е ова не е чисто американски проблем, ама ме натера да мислам," објаснува фотографот.

Буглевиц речиси цела година ја правел колекцијата и сите фотографии ги има направено од негова храна што му се расипала.

"Живеењето со уште 4-ца други може сериозно да го наполни фрижидерот и добар дел од храната да заврши затрупана некаде во него," објаснува Буглевиц.

22 ноември 2012 - 14:45