
Девојката е Дона Симпсон, која во интернет светот влегува преку најразлични BBW (Big Beautiful Woman) форуми, тамо запознава голем број мажи кои стануваат нејзини сериозни обожаватели.
Со тек на време таа напредува во овој жанр, и почнува да наплаќа за најразлични веб видео сесии, во кои меѓу другото посетителите и плаќаат да се дебелее.
Целата кариера на интернет модел Дона ја започнува преку маж што го запознава на интернет, кој подоцна ќе биде и татко на едно од нејзините деца.
Како што расте нејзината популарност, така расте и килажата на Симпсон. Во 2008-ма таа го привлекува вниманието на медиумите со најавата дека планира да стане првата жена што ќе тежи 450 килограми. Најголемата килажа што ја достигнува е 290 килограми.
Заради огромната тежина Дона во одреден период станува неподвижна. Тогаш решава да прекине со интернет кариерата и да се посвети на слабеење. Откако го одлучува ова таа е игнорирана и ја губи поддршката од целата заедница и фановите, а мажот кој ја воведува во целата работа ја напушта неа и децата.
Од август 2011-та, Дона е на диета која треба да и помогне да стигне до 170 килограми.