Текстот е:
"Времето брзо минува. Повторно дојде сезона на испити и веќе почнав нервозно да се подготвувам за тестот, морам да почнам понапорно да работам, бидејќи ако не работам напорно, мои оценки нема да бидат добри и ќе бидам укорен од моите родители, а ако сум укорен од моите родители тогаш ќе ја изгубам мојата самодоверба, ако ја изгубам мојата самодоверба нема да ги завршам студиите, ако не ги завршам студиите тогаш нема да дипломирам (на факултет), ако не дипломирам на факултет тогаш нема да најдам добра работа, ако не најдам добра работа тогаш нема да можам да заработам пари, ако не направам пари тогаш не можам да плаќам даноци, ако не плаќам даноци тогаш државава нема да може да им подели плати на професорите, ако професорите не добиваат плата тие нема да бидат посветени на образованието, ако не се посветени на образованието тогаш тоа ќе влијае на иднината на нашата нација, ако иднината на нашата нација е загрозена, тогаш ќе биде проблем Кина да напредува и да се развива и кинескиот народ ќе дегенерира во варварска раса. Ако кинескиот народ дегенерира во варварски народ, тогаш САД ќе почнат да се сомневаат дека нашата држава има оружја за масовно уништување, ако нашата држава има оружје за масовно уништување тогаш САД ќе започне војна со Кина и ќе дојде до 3-те Светска војна, ако дојде до 3-та Светска војна моќта на САД и на Кина нема да биде доволна, ако нивната моќ не е доволна тогаш тие ќе употребат нуклеарно оружје, ако употребат нуклеарно оружје тогаш тие ќе ја уништат околината, ако околината е уништена тогаш ова ќе создаде голема дупка во озонот, ако има голема дупка во озонот тогаш глобалното затоплување ќе ескалира и двата пола ќе почнат да се топат, ако глечерите се стопат тогаш глобалното ниво на водата ќе порасне, ако порасне глобалното ниво на водата тогаш целата човечка раса ќе се удави и ќе изумре. Бидејќи е поврзано со преживувањето и безбедноста на целата човечка раса, затоа морам да ги минам следните неколку денови на учење за да добијам добри оценки на тестовите, и со тоа да ја спречам оваа трагедија."
Иако на најголемиот дел од читателите текстот им бил забавен, дел од средношколците реагирале во стилот "Откако го прочитав ова, ме фати срам од сам себе," и "Одма ги отворив книгите и земав да учам."
Есејот успева да ги закачи и некои од најпроблематичните прашања што Кина ги има во моментот.
"Загриженоста на ученикот дека одлуките на Кина 'се поврзани со преживувањето и безбедноста на човековата раса,' не се смешни како што тоа може да изгледа на прва. Кина денес е најголемиот загадувач; одлуките на Кина за заштитата на околината можат и ќе влијаат на судбината на природната средина во светот. Овој есеј изразува свесност за последиците од одлуките на Кина," пишува Атлантик во врска со текстот.