Инстант карма

Вест: Маж за време на срцев удар решава да си ја олесни душата пред овој свет и пред да умре признава убиство што го направил пред 17 години. Карма: останува жив.

Џејмс Вашингтон веќе бил во затвор по сосема друга основа кога добил срцев удар. Чувствувајќи дека ќе умре и мислејќи дека нема да доживее да ја дочека казната, се исповеда за своето дело.

"Ми рече 'имам нешто да ти кажам. Имам нешто што сакам да го тргнам од совеста и ти треба да го чуеш ова. Имам убиено некого. Ја претепав до смрт,'" изјавил затворскиот чувар Џејмс Томилсон, на судењето на Вашингтон.

Вашингтон се обидел да го повлече признанието откако го преживеал срцевиот удар, ама не му се важело. Тој е прогласен за виновен за убиство на Џојс Гуднер на 5-ти јули 1995-та, за што ќе треба да одлежи доживотна казна.

6 ноември 2012 - 18:09