Во иднина секој понеделник во Лос Анџелес ќе биде "Понеделник без месо." Сега за сега не станува збор за закон, туку нешто како поддршка на иницијативата за намалување на консумацијата на месо во САД.
На изгласувањето на иницијативата и претходеше дебата во која беа вклучени сите придружни елементи од типот - месото е штетно за здравје, околина и посебно за животните.
Градските власти се надеваат дека и другите градови ќе почнат да го следат нивниот пример, а од организацијата "Понеделник без месо" сметаат дека ова е иницијатива околу која "целиот град може да се обедини."
Историски, идејата за "Понеделник без месо" потекнува од Првата светска војна, кога американската администрација побарала од граѓаните еден ден во неделата да не јадат месо, со што би се заштедила храна за американската армија и гладните нации на Европа. Оваа кампања била придружена и со "Среда без житарици."