Кино нинџите немаат ништо од смртоносната обука на вистинските нинџи, туку сличностите завршуваат на црната облека што ќе ја носат за време на проекцијата.
Сите ангажирани нинџи се волонтери, кои се согласиле да ги пазат проекциите во замена за бесплатни влезници.
Кога нинџите ќе забележат како некој посетител зборува, пишува порака, фрла пуканки, го шутира седиштето пред него или на некој друг начин го прекршува куќниот ред, тие одат кај него и го опоменуваат.
"Обожавам да одам во кино, но постојат одредени непишани правила на однесување кога гледаш филм, што некои луѓе не го разбираат," објаснува Грегор Лавсон, ко-основачот на компанијата што ја има нинџа армијата.