Жени и конкуренција

Слично како и мажите, и жените поголем дел од времето трошат на зјапање во жени, отколку во мажи. Плус, жените не веруваат на комплименти од мажи.

Изгледот на "другата" е главна занимација за жените, од тоа што носи и колку целулит има, до тоа како и изгледа косата или колку е слаба и да не има направено некоја пластична операција.

Најголемиот дел од зјапањето се одвива на плажа, каде 80% од испитаничките уживале во анализирањето на другите жени. Посебно интересно за жените е да погаѓаат од која држава е другата а околу 5% на плажа најмногу сакале да критикуваат нечиј тен.

Жените во основа биле мирољубиви кон своите сопернички, околу половина од испитаничките изјавиле дека им дале комплименти на жени кои не ги познаваат. Најчеста тема на комплиментите била облеката. Додека 86% од испитаничките изјавиле дека никогаш не би отишле до маж што не го познаваат и да му дадат комплимент.

Дури 42% од жените изјавиле дека се дотеруваат за да ги импресионираат жените а не спротивниот секс. Речиси половина признале дека им е мерак кога ќе добијат комплимент од женско, а 43% не веруваат на комплиментите од мажи.

15 ноември 2012 - 10:30