Колку се заработува во порното

Нешто слично како што за различна поправка на заб ќе добиете различна сметка, така и порно ѕвездите за различна сцена (по содржина) добиваат различна дневница. Почетната сума е 800 долари.

Марк Спиглер и неколку од неговите модели

Марк Спиглер е еден од врвните агенти за порно актерки, кој во својата агенција Spiegler Girls ги има некои од најголемите ѕвезди на порно индустријата (Skin Diamond, Chanel Preston, Asa Akira, Kimberly Kane...).

По неговиот ценовник има релативно едноставна скала по која се плаќаат актерките:

- 800 долари за женско - женско сцена

- 1.000 долари за машко - женско сцена

- 1.200 долари или повеќе за анален секс

- 4.000 долари или повеќе за "double penetration"

Според Спиглер, врвните женски порно ѕвезди заработуваат над 350.000 долари годишно, додека кај мажите сумата е над 100.000 долари.

Според порталот XBIZ околу 70 до 80% од годишните приходи на актерките доаѓаат од филмови, додека останатите 20-30 се комбинација на најразлични активности од продажба на секс играчки и стриптиз, до претплати од нивните веб страни.

Пазарот во моментот има околу 250 "побарувани" модели, кои работат редовно и кои снимаат меѓу 100 и 150 сцени годишно, или во просек по 10 сцени месечно.

Процената е дека во САД меѓу 40 и 50 милиони луѓе гледаат порно на интернет.

Што се однесува до Спиглер, тој заработува меѓу 10 и 15 проценти од дневницата на актерката. Освен букирањето, тој им помага на девојките и околу нивните лични веб сајтови, ги советува за пластични операции, договара транспорт до и од снимањето, и се грижи редовно да се проверуваат за сексуални болести.

16 ноември 2012 - 17:05