Offside

„Само да ме гледаш и ќе се измориш од моето темпо. Од сала не сум излезен“, вели Јован Шапе, неуморен борец кој душата ја дава за одбојката и кој маршира силно паралелно и во женска и во машка конкуренција. Полн со ентузијазам, желба и љубов за спортот во кој е сè. Медалите не се бројат.

Сандерленд го победи Њукасл на гости во најтензичното дерби во Англија

Сандерленд и Њукасл го имаат можеби најголемиот ривалитет во Англија, ако се земе предвид меѓусебната омраза која навивачите и играчите на овие два клуба ја имаат едни против други. Во неделата Сандерленд победи после пресврт 1-2 среде „Сент Џејмсис Парк“ во Њукасл со гол за триумф на Брајан Броби во 90' минута.

Лудо голчиште на Молина, Реал ја сврте

Реал Мадрид го доби градското дерби со пресврт од 0:1 на 3:2. Гостите поведоа преку Лукман, но во вториот дел Винисиус го реши мечот со два гола, потмогнат од Валверде кој беше меѓу стрелците. Го издвојувате потегот на мечот, ремек делото на Молина.

Чудна сцена, Депај на мобилен дремеше на сред натпревар

Мемфис Депај, пред две години, кога имаше 30 направи неочекуван трансфер од Ла Лига во Бразил. Не му оди лошо во дресот на Коринтијас, ама зачуди со гестов на клупа за што доби и опомена.

Пеп Гвардиола пак го победи својот ученик Артета, Сити до прв пехар сезонава

Фудбалерите на Манчестер Сити го освоија првиот пехар во сезоната откако го совладаа Арсенал во финалето на англискиот Лига Куп со 2-0.

Меси со прекрасен гол од слободен удар тргна кон 1000-ка

Светскиот шампион Лионел Меси минатата недела стигна до бројката од неверојатни 900 гола во кариерата. Сега го даде својот 901 гол и тоа од слободен удар за Интер Мајами на гости кај Њујорк Сити каде неговата екипа славеше 2-3 и тоа после пресврт. Интересно ова беше 71 погодок од слободен удар за Лео во богатата кариера.

Страшна одбрана на Столе, една од најјаките во кариера

Валенсија стигна до многу важен триумф на гостувањето кај Севиља од 0:2. Столе Димитриевски блесна на голот во пресрет на мечот со Данска со ремек дело интервенција, која админот на Ла Лига ја издвои на социјалните мрежи.

НБА центар од Грузија му го навредувал семејството на Дончиќ

Лука Дончиќ игра во животна форма во НБА лигата. Синоќа постигна 33 поени во триумфот на ЛА Лејкерс над Орландо Меџик 105:104 а пред крајот доби техничка грешка, исклучување и суспендиран е за првиот следен натпревар на Лејкерс. Поради тоа што се побунил зошто центарот на Орландо Меџик го пцуел.

Страшен еврогол на Страхиња Павловиќ за Милан

Милан во моментов игра со Торино. Резултатот на полувреме е 1-1. Росонерите први поведоа преку стоперот Павловиќ во 37' минута кога навивачите видоа страшен погодок. Гостите израмнија преку синот на Диего Симеоне, Џовани Симеоне во 44' минута.

Смешен гол во Хрватска

Истра со 2-1 го совлада Вараждин во дуел за место кое води во еврокуповите. Вториот гол за домаќините беше комичен откако им помогна една дупка на теренот.

Те фатија сестро

Навивачка на Естудијантес во Аргентина е фатена на дело. Камерман демонстрира како работи прав професионалец и зумира маестрално. Дали е девојката суспендирана не знаеме.

Дончиќ со 60 поени го разби Мајами Хит и влезе во вечноста

Лос Анџелес Лејкерс оствари нов триумф, осми по ред откако синоќа го совлада Мајами Хит 134:126 а најзаслужен за победата беше Лука Дончиќ кој уфрли 60 поени и игра во животна форма. Трипл-дабл запиша сјајниот Леброн Џејмс.

Македонија против Данска во нов, фантастичен дрес на Адидас

„По деценија тишина - повторно во жолто. Боја што не е само избор, туку чувство. И ја враќаме - заедно. За плеј-оф битките за Светско првенство, македонската репрезентација ќе настапи во нов дрес“, соопштија од ФФМ и го претставија новиот жолто-црвен дрес кој е право освежување за играчите и навивачите.

За стравот во НБА од Дражен Петровиќ

Внимавајте со каков тон и респект зборуваат Реџи Милер и останатите за легендарниот Дражен. Вернон Максвел, двократен НБА првак со Хјустон: Дражен Петровиќ? Ноќни мори имав од него. Подобро би го чувал „црниот Исус“ Мајкл Џордан, отколку него.

Срцето на Антиќ чука за три евролигаши

Со едните има една европска титула, со другите две, кај третите направи кам бек од љубов на крајот на кариерата. Кога е во прашање Евролигата, Перо Антиќ е јасен и прецизен.

По една бизарна ситуација, ампутиран дел од прст на фудбалер на Галатасарај

Во 76' минута од натпреварот меѓу Ливерпул и Галатасарај кој заврши 4-0, на „Енфилд Роуд“, холандскиот репрезентативец и довчерашен соиграч на Елиф Елмас во Наполи, Ноа Ланг спонтано се фатил за една светлечка реклама зад едниот гол. Се испоставило дека толку тешко го фатил и повредил прстот што долго време лежеше, се собраа сите присутни лекари, го изнесоа со носилки и му ставиле кислородна боца. Сега БиБиСи пишува дека имал операција и дека му ампутирале дел од повредениот прст.

Гол на Мусовски во САД пред дебито за Македонија

Новиот македонски репрезентативец, Дени Мусовски кој доби прв повик од Гоце Седлоски, ја темпира голгетерската форма пред баражот против Данска. Мусовски стрелаше против Ванкувер со што го израмни резултатот, а потоа Сиетл постигна уште еден гол за пресврт и пласман во четвртфиналето во КОНКАКАФ.

Како бе така?

За време на еден натпревар во Шведска меѓу Норчопинг и Елфсборг, тренерот на домаќините Рикард Норлинг ладно си извел аут. Не приметиле ни судијата, ни играчите, ни делегатот, а ни коментаторот.

Кога не сака, не сака

Некаде во Атина, во пониските лиги на грчкиот фудбал.

Тоа е таа најјака Премиер лига: шпанските клубови ги потопија англиските со 20:9!

Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид, трите гиганти на шпанскиот фудбал им одржаа права лекција на англиските клубови во осминафинале на Лига на шампиони и ги одучија од фудбал со гол разлика 20-9!

Крај нема ако тргнеш од новите соблекувални до теренот на Камп Ноу

Фудбалерите на Њукасл синоќа прописно се посрамотија откако примија 7 комада од Барселона која ги згроми со 7-2 и со вкупен резултат 8-2 се пласираше во четвртфинале. Играчите и стручниот штаб на Њукасл поминале низ реновираните простории кај соблекувалните на „Камп Ноу“ кој се реновираше неколку години.

Податок за англиската четворка која не помина баш добро во ЛШ

За прв пат во историјата на Лига на шампиони се случува дури четири екипи од една земја да бидат елиминирани во една иста фаза од натпреварување.

Чудесен погодок: фрли додавање па погоди тројка

Атланта Хокс игра во неверојатна, историска серија и има 11 победи по ред. Синоќа го совладаа Далас Маверикс 135:120 а на овој натпревар падна и многу чуден кош. Високиот Џонатан Куминга кој дојде од Голден Стејт Вориорс ненамерно го погоди можеби најневеројатниот кош во НБА лигата. На истек на трета четвртина сакаше да му фрли додавање на Џок Лендејл во брза контра но топката заврши во обрачот.

Вртелешка на Хари, им го испи мозокот на двајца

Гол машината Хари Кејн меле сезонава. На Аталанта синоќа им даде два комада, еден од пенал, еден од игра. Едноставно си поигра со двајцата чувари. Има 10 во ЛШ на 9 меча и 30 во Бундес на 25 средби. Страшен просек држи сезонава на сите натпреварувања од 47 гола на 39 меча. Синоќа стана и прв Англичанец со 50 гола во ЛШ.