Бока Јуниорс синоќа со гол во 90+5' минута на ветеранот Енер Валенсија се искачи на прво место и ја освои таа нејасна титула на полусезона. А на друг стадион во Розарио, навивачите на Сентрал славеа победа и титула но кога слушнаа вест од Буенос Аирес паднаа во очај.
Кошаркарите на МЗТ конечно им приредија големо славје на своите навивачи. Во финалето од кошаркарскиот Куп на Македонија, МЗТ Скопје го совлада Фени Индустри со 84:66 и по пауза од 12 години аеродромци се израдуваа на трофеј.
По киксовите со Малага и Виљареал и победата на Барселона на гостувањето кај Мајорка, предноста на Реал Мадрид се намали на само три поени. Но без нервозниот Мурињо на клупата, мадриѓаните дадоа соодветен одговор и го победија Сосиедад со 5:1.
Ракометниот првак на Македонија го заврши настапот во Лигата на шампиони. Металург во осминафиналето е елиминиран од хрватскиот Загреб на кого во клучните моменти од реваншот му беше потребна мала помош од судиите.
Екипата на МЗТ Скопје е првиот финалист на кошаркарскиот Куп на Македонија откако во полуфиналето го совлада домаќинот на турнирот, екипата на Торус СЦБТ.
Познати се и последните полуфиналисти од кошаркарскиот Куп на Македонија. Фени Индустри немаше проблеми со Кожуф, а по драматична завршница Лирија ја совлада екипата на Куманово.
Бо Мекејлеб му се реваншираше на Перо Антиќ на вториот дуел од плејоф серијата од кошаркарската Евролига. Монтепаски Сиена го совлада Олимпијакос со 81:80.
Минатото коло Александар Бајевски ги погоди сите натпревари од неговиот тикет на колото, а оваа недела истото ќе се обиде да го направи и младинскиот репрезентативец на Македонија, Марјан Алтипармаковски.
Престижниот португалски интернет портал Futebol Finance направи листа на 30 најскапоцени млади фудбалери во светот кои имаат потенцијал да ја сменат историјата на фудбалот.
Војната во Југославија уништи многу животи во оваа земја, но истовремено бомбардирањето на НАТО му помогна на Новак Ѓоковиќ да го исполни својот сон и да стане светски рекет број 1.
Во нормални услови Абдел Басет Сарут, 20-годишен голман од Сирија, ќе се подготвуваше со својата репрезентација за настап на Олимписките игри во Лондон. Но тој се откажа од репрезентацијата и стана лидер на бунтовниците против претседателот Башар ал-Асад.
Македонскиот кошаркарски куп ќе добие нов сопственик откако актуелниот освојувач, екипата на Работнички загуби во четвртфиналето од Торус СЦБТ. Втор полуфиналист е МЗТ кој беше поуспешен од Вардар.
Германската фудбалска федерација објави дека за финалниот натпревар од германскиот куп помеѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд само до сега пристигнале барања за 328.000 влезници.
Арно прават класните кога се оди на екскурзија и ќе побараат од учениците да проверат да не фали другарчето до нив. Тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп, заборавил тоа да го направи.
На последните две одиграни кола во шпанската Примера, за 4 дена Реал Мадрид прокоцка 4 поени и сега предноста во однос на Барселона се стопи од 10 на 6 поени. Мурињо, Роналдо и останата компанија како сами да си пукаа во нога.
Перо Антиќ го доби првиот дуел на македонските претставници во Евролигата. Со голем пресврт во последната четвртина, Олимпијакос славеше на гостувањето кај Монтепаски Сиена на Лестер Бо Мекејлеб и направи голем чекор кон пласманот на фајнал фор турнирот во Истанбул.