Новак Ѓоковиќ беше само едно талентирано 12-годишно дете кога авионите на НАТО започнаа да го бомбардираат Белград во 1999-та година. Секоја ноќ од тие три месеци Новак ја поминал во подрумот на неговиот дедо во Белград.
Но тој тврди дека овие моменти му помогнале во кариерата.
„Секогаш се обидувам да се присетам на позитивните работи од тие денови. Најдоброто нешто од тој период е што не моравме да одиме во школо и имав повеќе време за да играм тенис."
„Војната нѐ направи посилни. Нѐ направи гладни за успех", изјави Ѓоковиќ за CBS.
Ѓоковиќ минатата година се искачи на врвот, победувајќи ги Рафаел Надал и Роже Федерер и освојувајќи три од четирите Гренд Слем турнири, вклучувајќи го и Вимблдон.
„Кога заврши натпреварот и кога го изедов парчето трева, имав ретроспектива од моето цело детство и низ сѐ што поминав. Сеќавања од првите тениски терени и деновите во Белград. Тоа беа убави сеќавања."