Најскапи фудбалски таленти во 2012

Престижниот португалски интернет портал Futebol Finance направи листа на 30 најскапоцени млади фудбалери во светот кои имаат потенцијал да ја сменат историјата на фудбалот.

На списокот кој изгледа како шопинг листата на Манчестер Сити, Реал Мадрид и Барселона, се најдоа 30 најскапи млади фудбалери кои ќе го одбележат фудбалот во следните неколку години.

Како што и се очекуваше, на првото место е Нејмар за кого е заинтересирана цела Европа и неговата цена се движи од 30 до 55 милиони евра.

На второто место е Марио Геце кој има само 19 години, а веќе стана главен во тимот на германскиот шампион Борусија Дортмунд, а трет најскапоцен млад фудбалер е Италијанецот Марио Балотели од Манчестер Сити.

На листата доминираат Англичани (7), по четворица фудбалери имаат Бразил и Шпанија, по двајца Германци и Белгијци, по еден фудбалер од Италија, Русија, Аргентина, Колумбија, Велс, Уругвај, Полска, Швајцарија, Данска и БиХ.

За целата листа клик тука.

23 март 2012 - 13:09