37-годишниот одбојкар настапувал за членот на Серија Б, екипата на Форли и се срушил на теренот за време на натпревар во саботата.
Тој итно бил префрлен во болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот.
Вигор Боволенте има одиграно 533 натпревари во првата лига, а за репрезентацијата на Италија има настапено на 197 натпревари и освоено сребро на ОИ 1996, злато на ЕП 1995 и сребро на ЕП 2001.
Боволенте бил оженет и татко на четири деца. За заслугите во спортот тој во 2000-та година бил одликуван со орден од тогашниот претседател на Италија.