Металург на во Загреб отпатува со предност од еден гол по победата од 19:18 на првиот натпревар во Скопје, но на реваншот не успеа да ја задржи.
Домашните ракометари во првото полувреме стигнаа до водство и од 6 голови (11:5), но Металург бргу се врати во игра и до полувремето намали на 12:10.
Поголемиот дел од второто полувреме протиече со израмнета игра, се до 53-та минута кога при резултат 19:17, судиите го решија натпреварот со една контроверзна одлука и исклучување на Миркуловски.
Претходно беше исклучен и Марковиќ, па ракометарите на Загреб ја искористија предноста од 2 играчи повеќе и бргу направија предност од пет голови.
На крајот Загреб славеше со 26:21.
Најефикасни на натпреварот беа Мојсовски и Хорват со 7 постигнати голови, а на голот на Металург се истакна Станиќ со 12 одбранети удари.