Бока Јуниорс синоќа со гол во 90+5' минута на ветеранот Енер Валенсија се искачи на прво место и ја освои таа нејасна титула на полусезона. А на друг стадион во Розарио, навивачите на Сентрал славеа победа и титула но кога слушнаа вест од Буенос Аирес паднаа во очај.
34-то издание на релито Дакар за разлика од минатите години во 2013-та ќе започне на 5 јануари на брегот на Пацификот и ќе се вози околу 8.000 километри низ Перу, Аргентина и Чиле.
Од скокот на Бјорн Виркола кој во 1966-та година со даски на нозете скокнал 146 метри, па се до 246,5 метри на Јохан Ремен Евенсен во 2011-та. Сите светски рекорди во ски скокови во еден клип.
Целиот свет е луд по кладење, но во тоа се истакнуваат Британците. За нив е мала понудата од спортските натпревари, па кладилниците им нудат да стават пари и на специјални кладби како на пример дали за време на церемонијата за отворањето на Олимписките Игри во Лондон ќе се појави НЛО.
Екипата на Милан му го нанесе првиот пораз по регуларни 90 минути на Јувентус оваа сезона, но „бјанконерите" по продолженија изборија пласман во финалето на италијанскиот куп.
153 голови во шпанската Примера, 19 во купот, 49 во Лигата на шампиони, 9 во шпанскиот Суперкуп, 1 во Суперкупот на Европа и 4 на Светските клупски првенства. Вкупно 234 голови во дресот на Барселона. Тоа е Лионел Меси.
На 11 кола пред крајот на шпанската Примера, предноста на Реал Мадрид пред второпласираната Барселона се намали на 8 поени. Има ли шанси актуелниот шампион да изведе чудесен пресврт и да ја одбрани титулата?
Во пресрет на Купот на Македонија кој од четврток до недела ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски", денес се одржа прес-конференција на која присуствуваа тренерите на екипите учесници.
Бидејќи на сајтов немаме „немојдамејебеш" категорија, оваа вест ќе ја ставиме под фудбал. ТВ станица од Сирија тврди дека Барселона е вклучена во ланец за криумчарење на оружје.
Азилантот Фабрис Муамба избегна граѓанска војна во Заир, храбро се избори за своето место во англискиот фудбал, а сега ја води најважната битка во неговиот живот.
Швајцарецот Роже Федерер го освои тенискиот АТП турнир од серијата Мастерс 1000 кој се одржа во Индијан Велс и собори неколку рекорди на патот до својата 73-та титула во кариерата.
По 12 победи во серија, екипата на Реал Мадрид на домашен терен беше шокирана од Малага со гол во судиското продолжение. Сега разликата со Барселона се намали на осум поени.
Во 28-то коло од италијанската Серија А, Удинезе пропушти предност од два гола и на крајот ремизираше со Наполи, а Интер ја продолжи агонијата и одигра без голови со Аталанта.