Лионел Меси постигна хет-трик при победата на над Гранада од 5:3 и официјално се запиша во историјата на Барселона како најдобар стрелец на каталонскиот клуб на сите времиња.
Барселона поведе уште во 4-та минута со голот на Чави, а во 17-та минута веќе беше 2:0. Стрелец на вториот гол беше Лионел Меси за кого ова беше гол број 232 во дресот на Барселона, со што се израмни со Цезар Родригес.
Родригез во 1940-ти и 50-ти години одигра 354 официјални натпревари за Барселона, а Лионел Меси на 24 години успеа да го израмни неговиот рекорд на 314 одиграни натпревари.
По 17 минути игра во второто полувреме фудбалерите на Гранада приредија мало изненадување и успеаја да израмнат, но нивната радост по пет минути ја прекина Меси.
Најдобриот фудбалер на светот, Аргентинецот Лионел Меси во 67-та минута го постигна својот втор гол на овој натпревар или вкупно 233-ти, со што тој го сруши рекордот и стана најдобриот стрелец во историјата на Барселона.
Во 82-та на 4:2 зголеми Тељо, а по четири минути Меси си ја подобри статистиката. Тој го постигна својот 54-ти гол оваа сезона со кој си го подобри својот рекорд со 234 погодоци во дресот на Барселона.
На две минути пред крајот Алвеш играше со рака и заработи исклучување, по што Сикеира од пенал ги постави конечните 5:3.