Offside

Бока Јуниорс синоќа со гол во 90+5' минута на ветеранот Енер Валенсија се искачи на прво место и ја освои таа нејасна титула на полусезона. А на друг стадион во Розарио, навивачите на Сентрал славеа победа и титула но кога слушнаа вест од Буенос Аирес паднаа во очај.

Кавани херој на Наполи, агонијата на Интер продолжи

Во 28-то коло од италијанската Серија А, Удинезе пропушти предност од два гола и на крајот ремизираше со Наполи, а Интер ја продолжи агонијата и одигра без голови со Аталанта.

Торес даде гол по 1541 минута

Екипата на Челси го победи Лестер со 5:2 во рамките на ФА купот и избори пласман во полуфиналето, а најзаслужен за победата беше Фернандо Торес. Во полуфиналето на Челси им се придружи и Ливерпул со победата над Стоук.

Манчестер им се истури на „волците“

По елиминацијата од Лига Европа, Манчестер Јунајтед се рехабилитираше со петарда во мрежата на Вулверхемптон и ја зголеми предноста на табелата.

Металург минимално го победи Загреб

Ракометниот шампион на Македонија, екипата на Металург го победи хрватскиот Загреб со 19:18 и со минимална предност ќе патува на осмина-финалниот реванш натпревар од Лигата на шампиони.

Јувентус со петарда му одговори на Милан

Милан славеше на гостувањето кај Парма со 0:2, а оваа победа како да ги разлути фудбалерите на Јувентус кои со 0:5 ја декласираа Фиорентина и не му дозволија на актуелниот шампион да ја зголеми предноста на табелата.

Муамба се уште во критична состојба

Фудбалерот на Болтон, Фабрис Муамба колабираше на теренот за време на куп натпреварот против Тотенхем. Лекарите се бореа за неговиот живот, а по неколку часа од болницата потврдија дека младински репрезентативец на Англија е во стабилна состојба.

Најдобрите голови од изминатата недела

Уживајте во најдобрите 10 голови за изминатата седум дена од целиот свет, меѓу кои се мајсториите на Љоренте, Миранда, Руни и Фернандез.

Сите Ф1 кациги за 2012

Викендов започнува лудилото во Формула 1 шампионатот. Возачите и болидите ги знаеме, па да ги видиме кацигите.

Тикет на колото од Александар Бајевски

Оваа недела за вас типува поранешниот македонски репрезентативец Александар Бајевски кој со своето богато интернационално искуство ќе ви помогне при составувањето на вашиот обложувачки тикет на колот.

Познати четвртфиналните двојки во Лига Европа

На извлекувањето во Нион беа одредени и двојките од четврт-финалето на Лига Европа каде најинтересен ќе биде дуелот помеѓу Шалке и Атлетик Билбао.

Проблем? Јок проблем!

Погледнете како турските навивачи одговорија на забраната за пиротехника на фудбалските натпревари.

Тричко против Реал Мадрид

По извлекувањето во седиштето на УЕФА во Нион, познати се четврт-финалните двојки од Лигата на шампиони. Иван Тричковски со АПОЕЛ ќе му се спротистави на Реал Мадрид, а актуелниот шампион Барселона ќе се сретне со Милан.

Грифин реди бунари

Блејк Грифин е еден од најдобрите забивачи во НБА лигата, но кога станува збор за слободни фрлања, тој влегува во категоријата на Шекил О'Нил.

Off.net.mk доделува 10 дреса и 5 карти за Металург-Загреб

Во соработка со РК Металург, решивме да ги освежиме заедничките фанови и пред натпреварот со Загреб да им поклониме 10 дресови и 5 влезници за натпреварот РК Металург - Загреб КО.

Шпанците владеат со фудбалот во Европа

Откако ги добивме сите учесници во четврт-финалето од Лигата на шампиони и Лига Европа, можеме да заклучиме дека Шпанците со пет клубови доминираат во фудбалска европа, а Англија и Италија имаат само по еден свој претставник.

Манчестер избришан од европската фудбалска мапа

Нов ден на жалост во Манчестер. По елиминацијата од Лигата на шампиони, Јунајтед и Сити се елиминирани и од Лига Европа. Атлетик Билбао и Спортинг Лисабон ги избришаа екипите од Манчестер од европската фудбалска мапа за оваа сезона.

Голманската династија Манданда

Човекот кој е еден од најзаслужните за успехот на Олимпик Марсеј во Лигата на шампиони, Стив Манданда е најстар од кланот голмани Манданда. Тој има уште тројца браќа голмани.

Светските шампиони играат за Јувентус и Интер

Совет за селекторите. Ако сакате да освоите Светско првенство, во својата репрезентација вклучете што повеќе фудбалери кои играат во Серија А и тоа по можност од Јувентус и Интер.

Дрогба играше жмурка

Фудбалерот на Челси беше еден од најзаслужните за елиминацијата на Наполи, но во еден момент се обиде да одглуми прекршок и се посрами.

Пандев елиминиран од Челси, Реал рутински

Познати се сите четврт-финалисти во Лигата на шампиони, но за жал Македонија нема да има двајца претставници помеѓу најдобрите осум во Европа. Челси го елиминираше Наполи чиј член е Горан Пандев, а Реал Мадрид рутински ја совлада ЦСКА Москва.

Македонскиот фудбал во офсајд

Фудбал во Македонија нема да се игра во следниот период. ФФМ по сугестија на МВР реши да ги одложи фудбалските натпревари од македонската Прва и Втора фудбалска лига на неодредено време додека не се создадат подобри услови.