Дебаклот на Вулверхемптон го најави Џони Еванс кој во 21-та минута го постигна својот прв гол во кариерата за Манчестер Јунајтед, а работата им беше олеснете во 39-та минута кога Зубар го заработи вториот жолт картон.
Ова беше најава дека Манчестер Јунајтед сигурно нема да загуби затоа што овој клуб никогаш во својата историја нема пораз кога противничкиот тим останал со играч помалку во првото полувреме.
До крајот на првото полувреме Манчестер веќе водеше и со 0:3. Најпрво стрелаше Валенсија по асистенција на Руни, а во судиското продолжение Валенсија му асистираше на Велбек.
Во второто полувреме точка на натпреварот стави Хавиер Чичарито Ернандез со два гола за пет минути.
На вториот денешен натпревар, Њукасл го победи Норич со 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Сисе
ПРЕМИЕР ЛИГА – 29. КОЛО
сабота:
Фулам – Свонси 0:3
Сигурдсон 36, 66, Ален 78
Виган – ВБА 1:1
Мекатур 54 – Шарнер 65
недела:
Вулверхемптон – Манчестер Јунајтед 0:5
Еванс 21, Валенсија 43, Велбек 45, Ернандез 56, 61
Њукасл – Норич 1:0
Сисе 11
вторник:
20.45 Астон Вила – Болтон
21.00 Блекбурн – Сандерленд
среда:
20.45 Манчестер Сити – Челси
20.45 Тотенхем – Стоук
21.00 Евертон – Арсенал
21.00 КПР – Ливерпул