Драма на Вајт Харт Лејн. 23-годишниот фудбалер на Болтон, Фабрис Муамба колабираше на теренот за време на четврт-финалниот натпревар од ФА купот против Тотенхем.
Лекарите долго му укажуваа помош на теренот на поранешниот младински репрезентативец на Англија, а тој потоа беше одведен во болница.
Репортерите од стадионот јавувија дека тој не дишел во тунелот на стадионот додека лекарите се обидувале да го одржат во живот со вештачко дишење.
Фудбалерите и навивачите на двете екипи со солзи во очите се молеа за младиот Муамба, а по неколку минути судијата Хауард Веб го прекина натпреварот.
По неколку часа од болницата во која беше одведен Муамба соопштија дека тој се уште е во критична состојба. Според официјалното соопштение од фудбалскиот клуб Болтон, следните 24 часа ќе бидат клучни во борбата за живот на младиот фудбалер.