На денешниот состанок во куќата на фудбалот, челниците на Фудбалската федерација на Македонија во консултација со МВР, реши да ги прекине фудбалските првенства.
Фудбал во првите две македонски лиги нема да се игра се додека не се создадат подобри услови за да се организира тензичното дерби помеѓу Шкендија и Вардар.
Според пропозициите на ФФМ, следното коло од лигата не смее да започне додека не се комплетира претходното коло, па се додека не се одиграат двата последни натпревари од 20. коло Шкендија-Вардар и Тетекс-Напредок, се одложува и следното 21. коло.
Освен натпреварите од Првата лига, одложено е и 18. коло од Втората фудбалска лига.
Според ФФМ, одложувањето е со цел да им се даде повеќе време на клубовите за подобро организирање на натпреварите во нови термини. Новите термини за одигрување на натреварите ќе бидат дополнително одредени.