Ако ги рангирате клубовите според бројот на репрезентативци кои ги освоиле Светските првенства, забележителен е фактот дека најмогу од нив во моментот кога станале светски шампиони бил членови на фудбалски клубови од Италија.
На првото место е Јувентус со 24 светски шампиони. Дури 22 од нив се Италијани, а исклучок се Французите Зинедин Зидан и Диде Дешамп кои триумфираа во 1998-та година.
Во 1934-та година Италија го освои Светското првенство со дури девет фудбалери на Јувентус, а исто толку имаше и Пењарол кога Уругвај триумфираше во 1950-та година.
Од првите четири екипи, дури три се од Италија. Тоа е најмногу заради четирите титули на Италија, но и поради квалитетот на Серија А. Само Шпанија во 2010-та и Аргентина во 1978-та година станаа шампиони без ниту еден фудбалер кој играл во Италија.
Интер во шампионската репрезентација од 2006-та година го имаше само Марко Матераци, но со вкупно 20 фудбалери е на втората позиција. На четвртата позиција се наоѓа екипата на Рома која имала барем по еден член на секој турнир од 1990 до 2006-та година.
Најдобар неиталијански тим е Баерн Минхен кој со 16 светски шампиони е на третата позиција. Од петтата до деветата позиција следат клубови од Јужна Америка, а по нив се Барселона и Милан со по 10 фудбалери.
Интересен е фактот кој вели дека само тројца од сите светски шампиони не настапувале за екипи од Европа или Јужна Америка, а еден фудбалер во моментот кога ја освоил титулата бил невработен. Најуспешен англиски клуб на ова рангирање и Ливерпул со пет светски шампиони.
Клубови со најмногу шампиони на СП:
Јувентус - 24
Интер - 20
Баерн Минхен - 16
Рома - 15
Сантос - 15
Пењарол - 14
Насионал - 13
Ботафого - 11
Сао Паоло - 11
Барселона - 10
Милан - 10