По победата од 2:3 на Олд Трафорд, Атлетик Билбао по втор пат го надигра Манчестер Јунајтед и заслужено го исфрли фаворитот од Лига Европа.
Четата на Алекс Фергусон повторно беше непрепознатлива на овој натпревар и му дозволи на противникот да доминира во текот на целиот натпревар.
Првиот погодок за Билбао го постигна Љоренте во првото полувреме, а кон средината на второто полувреме Де Маркос по втор пат го совлада Де Хеа и ги уби последните надежи на Јунајтед.
Почесниот погодок за гостите го постигна Вејн Руни на десет минути пред крајот.
Ова е втор пат во историјата на Манчестер Јунајтед како тимот претрпува три порази во серија во европските натпреварувања. Минатиот пат во сезоната 2004/05 Јунајтед немаше победа од декември до март.
Манчестер Сити со голем пресврт го совлада Спортинг, но оваа победа беше недоволна и Англија остана без свој претставник во Лига Европа.
Гостите водеа по првиот дел со одличниот гол ос слободен удар на Фернандез и со голот на Волфсвинкел во 41-та минута.
Но тоа беше се што тие сторија и во второто полувреме на теренот играше само една екипа. Агуеро намали по еден час игра, Балотели израмни по петнаесет минути, а целосниот пресврт го комплетираше Аргентинецот со својот втор гол на седум минути пред крајот.
Домаќините направија огромен притисок во финишот, а гостите со задржување на времето успеаја да го сочуваат својот гол. Најблиску до сензација беше голманот Џо Харт кој во последните секунди се пресели пред противничкиот гол и со глава биеше покрај стативата.
На натпреварот помеѓу Удинезе и АЗ Алкмар беше срушен еден негативен рекорд. Фудбалерот Вергевер заработи црвен картон по 120 секунди игра и тоа е најбрзото исклучување во историјата на ова натпреварување.
Ди Натале беше сигурен реализатор на најстрогата казна во третата минута, а истиот фудбалер во 15-та минута го зголеми водството, но и со играч помалку АЗ Алкмар намали преку Фалкенберг во 31-та минута и обезбеди пласман во четврт-финалето.
Валенсија одолеа на гостувањето кај ПСВ и одигра 1:1 па по оние 4:2 од Местаља, го потврди пласманот во следната фаза. Хановер и Стандард одиграа 2:2 во Белгија, но Германците на реваншот славеа со 4:0 и обезбедија пласман во четврт-финалето.
Во следната фаза по драма и пресврт во финишот се квалификуваше Металист кој со 1:2 славеше во Атина кај Олимпијакос. Пресврт направи и Шалке кој губеше од Твенте, но на крајот победи со 4:1, а стрелец на три гола беше Хунтелар. Атлетико Мадрид по втор пат го победи Бешикташ.
ЛИГА ЕВРОПА - 1/8 финале:
Удинезе - АЗ АЛКМАР 2:1 (прв натпревар 0:2)
Ди Натале 3п, 15 - Фалкенберг 31
АТЛЕТИК БИЛБАО - Манчестер јунајтед 2:1 (3:2)
Љоренте 23, Де Маркос 65 - Руни 80
ХАНОВЕР - Стандард Лиеж 4:0 (2:2)
Абделае 4, Кану 21аг, Ја Конан 73, Пинто 90
ПСВ Ајндховен - ВАЛЕНСИЈА 1:1 (2:4)
Тоивонен 64 - Рами 47
Бешикташ - АТЛЕТИКО МАДРИД 0:3 (1:3)
Адриан 26, Фалкао 83, Салвио 93
Манчестер Сити - СПОРТИНГ 3:2 (0:1)
Агуеро 60, 82, Балотели 75п - Фернандез 33, Ван Волфсвинкел 40
Олимпијакос - МЕТАЛИСТ 1:2 (1:0)
Марсано 14 - Виљагра 81, Девиќ 86
ШАЛКЕ - Твенте 4:1 (0:1)
Хунтелар 29, 57п, 81, Џонс 71 - Јансен 14