Познати четвртфиналните двојки во Лига Европа

На извлекувањето во Нион беа одредени и двојките од четврт-финалето на Лига Европа каде најинтересен ќе биде дуелот помеѓу Шалке и Атлетик Билбао.

Четврт-финалето од Лига Европа ќе биде одбележано од дуелите помеѓу германските и шпанските тимови. Шалке ќе се сретне со Атлетик Билбао, а Атлетико Мадрид ќе го пречека Хановер. Третиот шпански претставни, екипата на Валенсија ќе игра против АЗ Алкмар, а Спортинг Лисабон се среќава со украинскиот Металист.

АЗ Алкмар - Валенсија
Шалке - Атлетик Билбао
Спортинг Лисабон - Металист
Атлетико Мадрид - Хановер

Во полуфиналето ќе се сретнат подобрите од дуелите:
Атлетико/Хановер - АЗ/Валенсија
Спортинг/Металист - Шалке/Атлетик

Првите четврт-финални натпревари ќе се одиграат на 29 март, а реваншите на 5 април 2012.

Полуфиналињата се закажани за 19 април и 26 април 2012, а финалето ќе се одигра на 9 мај 2012 во Букурешт.

16 март 2012 - 13:34