Екипата од југот на Франција за прв пат по 19 години се пласираше помеѓу најдобрите осум во Европа, а покрај стрелецот Брандао, херој на натпреварот беше и Стив Манданда.
26-годишниот Стив е роден во Конго, но тој одбра да игра за Франција и веќе има 14 настапи за репрезентацијата. Тој е најстар од династијата голмани Манданда.
Парфаит Манданда има 22 години и додека беше член на Бордо, оствари еден настап за младинската репрезентација на Франција. Сепак во 2008-та година тој се одлучи да ги брани боите на Конго, а своето деби го имаше во 2008-та година кога на спротивната страна голот на Франција го бранеше неговиот постар брати Стив. Парфаит моментално брани за турскиот клуб Алтај.
Рифи Манданда има 19 години и е член на Каен, како и на репрезентацијата на Франција за фудбалери до 19 години, а најмалиот брат, Евер Манданда има 13 години и брани за француски нисколигаш, но за него допрва ќе слушаме.
Погодувате што бил порано нивниот татко Френк?