На неквалитетен и тврд натпревар со малку постигнати голови, Лино Червар со Металург успеа да ги надмудри своите поранешни пулени, но не целосно. Металург го победи Загреб со 19:18 и ќе има многу тешка задача на реваншот во Хрватска да го одбрани тој гол предност.
Ракометарите на Металург подобро го започнаа натпреварот и поведе со 3:2, но оваа предност не успеаја да ја одржат, а на неколку наврати не ја искористија ниту предноста од ракометар повеќе. Гостите направија пресврт и поведеа со три разлика (7:10), а на полувремето заминаа со водство од 9:11.
Кон средината на второто полувреме Металург повторно дојде до водство од два разлика (15:13), но гостите повторно израмнија и ја најавија неизвесната завршница по која Металург славеше со 19:18.
Најефикасен во домашниот тим беше Марковиќ со седум голови, а кај гостите најефикасен беше Штрлек со пет.