Пандев елиминиран од Челси, Реал рутински

Познати се сите четврт-финалисти во Лигата на шампиони, но за жал Македонија нема да има двајца претставници помеѓу најдобрите осум во Европа. Челси го елиминираше Наполи чиј член е Горан Пандев, а Реал Мадрид рутински ја совлада ЦСКА Москва.

Челси ја спаси честа на Англичаните. Лондончаните во регуларниот дел успеаја да го израмнат резултатот од првиот натпревар (3:1) и да го елиминираат Наполи по продолженијата.

Домаќините поведес со головите на Дрогба и Тери, а намали Инлер со одличен погодок во 55-та минута.

Конечниот резултат по регуларниот дел го постави Лампард од пенал откако Досена играше со рака во шестнаесетникот.

Фудбалерите на Наполи целосно паднаа во финишот, а во продолженијата Дрогба во 105-та минута одлично го проигра Ивановиќ кој го постигна одлучувачкиот гол со кој Челси го елиминираше Наполи.

Горан Пандев влезе во игра во 106-та минута на местото на Марек Хамшик.

Фудбалерите на Реал Мадрид обезбедија пласман во четврт-финалето од Лигата на шампиони со победа од 4:1 над ЦСКА откако на првиот натпревар во Москва одиграа 1:1.

Игуаин, Бензема и Роналдо на два пати беа стрелци за Реал, а почесниот погодок за ЦСКА го постигна Тошиќ во 77-та минута.

Лига на Шампиони - 1/8 финале:

среда:
РЕАЛ МАДРИД – ЦСКА 4:1 (прв натпревар 1:1)
Игуаин 26, Роналдо 55, 93, Бензема 70 - Тошиќ 77

ЧЕЛСИ – Наполи 4:1 по продолженија (прв натпревар 1:3)
Дрогба 28, Тери 47, Лампард 75п, Ивановиќ 105 - Инлер 55

вторник:
БАЕРН - Базел 7:0 (прв натпревар 0:1)
Робен 10, 81, Милер 42, Гомез 44, 50, 61, 67

Интер - ОЛИМПИК МАРСЕЈ 2:1 (0:1)
Милито 75, Пацини 95п - Брандао 92

минатата недела:
АПОЕЛ - Лион 1:0 (0:1) - на пенали 4:3
Мандука 9

БАРСЕЛОНА - Баер Леверкузен 7:1 (3:1)
Меси 25, 42, 47, 58, 84, Тељо 55, 62 - Белараби 90

Арсенал - МИЛАН 3:0 (0:4)
Кошчелни 7, Росицки 26, Ван Перси 44п

БЕНФИКА - Зенит 2:0 (2:3)
Макси Переира 45, Оливеира 93

15 март 2012 - 00:45