Кавани херој на Наполи, агонијата на Интер продолжи

Во 28-то коло од италијанската Серија А, Удинезе пропушти предност од два гола и на крајот ремизираше со Наполи, а Интер ја продолжи агонијата и одигра без голови со Аталанта.

Фудбалерите на Удинезе и Наполи одиграа одличен натпревар со добар почеток и лош крај за домаќините.

Пинци и Ди Натале му донесоа водство на Удинезе од 2:0, но проблемите започнаа кога Фабрини заработи втор жолт картон во 60-та минута.

Тогаш на сцена стапи Единсон Кавани. Тој најпрво во 75-та минута не реализираше пенал, но тој од трагичар на крајот стана херој за Наполи. За само четири минути тој постигна два гола и го спаси својот тим од пораз.

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев го одигра целиот натпревар за Наполи.

Интер не само што беше елиминиран од Лигата на шампиони, туку тие полека и се збогуваат со настапот во ова натпреварување и за следната сезона.

Фудбалерите на Интер повторно не успеаја да победат, овој пат над Аталанта, а трагичар на овој натпревар беше Диего Милито кој не искористи најстрога казна во 23-та минута.

Победник немаше ни на натпреварот помеѓу Лече и Палермо, Катанија минимално го победи Лацио, Новара ја изненади Сиена, Болоња и Киево ги поделија поените, а Каљари со двајца фудбалери повеќе ја победи Чезена.

СЕРИЈА А - 28. КОЛО

сабота:
Парма - Милан 2:0
Ибрахимовиќ 17п, Емануелсон 55

Фиорентина – Јувентус 0:5
Вучиниќ 15, Видал 28, Маркизио 55, Пирло 67, Падоин 72

недела:
Интер - Аталанта 0:0

Болоња - Киево 2:2
Ди Вајо 59, Дијаманти 81 - Андреоли 26, Тереу 69

Сиена - Новара 0:2
Риџони 72, Поркари 81

Лече - Палермо 1:1
Ди Микеле 6п - Муњоз 15

Каљари – Чезена 3:0
Пиниља 14, 45п, 57п

Удинезе – Наполи 2:2
Пинци 28, Ди Натале 52 – Кавани 81, 84

понеделник:
20.45 Рома - Џенова

18 март 2012 - 23:48