Тричко против Реал Мадрид

По извлекувањето во седиштето на УЕФА во Нион, познати се четврт-финалните двојки од Лигата на шампиони. Иван Тричковски со АПОЕЛ ќе му се спротистави на Реал Мадрид, а актуелниот шампион Барселона ќе се сретне со Милан.

Единствениот македонски претставник во оваа фаза од Лигата на шампиони, Иван Тричковски со АПОЕЛ на првиот четврт-финален натпревар ќе го пречекаат Реал Мадрид.

Домаќинот на финалето, Баерн Минхен на првиот натпревар ќе гостува во Марсеј, Бенфика ќе го пречека Челси, а италијанскиот шампион Милан повторно ќе се сретне со актуелниот европски шампион Барселона.

АПОЕЛ - Реал Мадрид
Олимпик Марсеј - Баерн Минхен
Бенфика - Челси
Милан - Барселона

Во полу-финалето ќе се сретнат подобрите од дуелите:

Олимпик / Баерн Минхен - АПОЕЛ / Реал Мадрид
Бенфика / Челси - Милан / Барселона

Првите натпревари од четврт-финалето ќе се одиграат на 27 и 28 март, а реванш натпреварите се закажани за 3 и 4 април 2012 година.

Полуфиналните пресметки се закажани за 17-18 април и 24-15 април, а финалето ќе се одигра на 19 мај во Минхен.

16 март 2012 - 12:03