Шпанците владеат со фудбалот во Европа

Откако ги добивме сите учесници во четврт-финалето од Лигата на шампиони и Лига Европа, можеме да заклучиме дека Шпанците со пет клубови доминираат во фудбалска европа, а Англија и Италија имаат само по еден свој претставник.

Кипар, Англија и Италија имаат ист број на претставници во европските натпреварувања. Екипата на АПОЕЛ е најголемото изненадување во Лигата на шампиони, а таму честа на Англичаните ќе ја брани Челси, додека единствен преживеан претставник од Италија е екипата на Милан.

По една екипа во четврт-финалната фаза од Лигата на шампиони и Лига Европа имаат и Франција (Олимпик Марсеј), Холандија (АЗ Алкмар) и Украина (Металист).

Два свои претставници во Европа има Португалија (Бенфика и Спортинг), а Германците имаат еден во Лигата на шампиони (Баерн Минхен) и два клуба во Лига Европа (Шалке и Хановер).

Скоро една третина, пет од 16 клубови доаѓаат од Шпанија. Барселона и Реал Мадрид изборија пласман во четврт-финалето од Лигата на шампиони, а Шпанците со три клуба (Атлетико Мадрид, Атлетик Билбао и Валенсија) се најбројни и во оваа фаза од второто по ранг натпреварување во Европа.

Извлекувањето на четврт-финалните двојки за Лигата на шампиони ќе се одржи денес во Нион со почеток од 11:45 часот, а за 13 часот е закажано извлекувањето за четврт-финалето од Лига Европа.

5 - Шпанија (Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Атлетик Билбао, Валенсија)
3 - Германија (Баерн Минхен, Шалке, Хановер)
2 - Португалија (Бенфика, Спортинг)
1 - Англија (Челси), Италија (Милан), Франција (Марсеј), Кипар (АПОЕЛ), Холандија (АЗ Алкмар), Украина (Металист)

16 март 2012 - 10:06